Свети Никола – главна селска црква во селото Бело Поле.[1] Сместена е во крајниот јужен дел од селото, на височина којашто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
Црквата била изградена во 1874 година од страна на крушевски мајстори, а била живописана во 1914 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа. Кон западната страна е доградена припрата којашто е пониска од висината на храмот. Во црквата се влегува преку припатата која има два влеза — едниот на северната и другиот на западната страна. Објектот на црквата во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди, додека од јужниот ѕид на припратата се забележува дека била изградена од камен. Материјалот за изградба на црквата е познато дека бил носен од месноста Тумба.[2]
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа, нејзиниот влез се наоѓа на источната страна, а во горниот дел има по еден отвор на секоја страна. Градена е од тули и во целост е материсана и варосана од надворешната страна.
Галерија
Поврзано
Наводи
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Црква „Свети Никола“, село Бело Поле“. OldPrilep. 20 септември 2012.
Надворешни врски