Свети Никита Нов (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Νικήτα του Νέου) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Историја
Митрополитот Константин Серски од Света Гора донел дел од моштите на Свети Никита Нов и ги поставил во катедралата „Св. Архангели“. На 25 мај 1994 г. е основана парохија Свети Никита Нов и на 10 ноември 1996 г. е поставен камен-темелникот на улица „Харилаос Трикупис“ бр. 71. Во 1998 г. на Томина Недела во црквата е извршена првата богослужба и во него се преместени моштите на светецот. Храмот официјално е отворен на 27 февруари 2005 г. од митрополитот Теолог Серски. Градбата е крстокуполна со убав живопис, полилеи и резбан дрвен иконостас. Има два параклиса — „Св. Ѓорѓи и Св. Мелпомена“ и „Свети Евстатиј“. На 3 мај 2008 г. во него свечено се одбележани 200 години од смртта на светецот Никита Нов на Света Гора.[1]
Поврзано
Наводи