Свети Илија — главна селска црква во охридското село Плаќе.[1] Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Плаќе.
Местоположба
Црквата се наоѓа на едно возвишение, во југозападниот дел на селото.[2]
Историја
Црквата била подигната во 1871 година.[3]
Се верува дека некогаш на истото место на кое е подигната денешната градба имало постаро култно место. На западната страна на црквата можат да се забележат остатоци од градба, а во дворното место се наоѓаат стари средновековни гробови.[2]
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна. Била градена со кршен камен и делкан бигор, а апсидата на црквата е полукружна. Во минатото била покриена со камени плочки. Материјалот за нејзината градба бил носен од месноста Сопот.[2]
На северната страна од црквата е изградена трпезаријата.[2]
Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис, за кој се претпоставува дека е насликан за време на изградбата на црквата.[3]
Од овој живопис се останати само ликовите во олтарниот простор и во споредните ниши.[2]
Иконостас
Во внатрешноста постои иконостас на кој се наоѓаат четири престолни икони, кои потекнуваат од 1872 година.[2]
Галерија
-
Помошен објект
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
-
Помошен објект
-
Главниот влез
-
Поглед на црквата
-
Апсидата
-
Старата камбанарија
-
Задниот дел на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски