Свети Врач или Свети Бессребреници Кузман и Дамјан (грчки: Άγιοι Ἀνάργυροι) — преродбеничка црква во селото Лугунци, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е гробишен храм, сместен југозападно од селото во меснота Селиште.[1] Црквата е изградена во 1863 г. што се гледа од надвлезниот натпис.
„
|
ούτος ο ιερός ναός των Αγίων Αναργύρων εκτίσθη κατά το έτος 1863, υπό της Κοινότητος Λουγγούντσης και επί αρχιερατεύοντος Αγίου Μογλενών και Φλωρίνης κ.κ. Προκοπίου.
- Превод:
Овој свет храм на Светите Бессребреници се подигна во годината 1863 од заедницата на Лугунци за време на архијерејството на светиот г. г. Прокопиј Мегленско-лерински.[2]
|
“
|
Грабата претставува трикорабна базилика со два влеза на јужната страна, каде е женската црква. Покривот е направен со камени плочи, а на источниот крај од јужната странаима камбанарија. Југоисточно од камбанаријата е откриен римски натпис, а на неколку метри од црквата е најдена мермерна статуа на маж од истиот период.[1]
Таванот и иконостасот се дрвени, а женската црква служи како костурница. Црквата е зографисана — се издвојуваат мачеништвото на Света Злата Мегленска, Света Злата, Зосим, преподобна Марија Египетска, смртта на праведникот и грешникот, судот на Пилат, обесувањето на Јуда и камшикувањето на Христос.[1]
Поврзано
Наводи