Храмот е сместен во стариот дел на селото. Изграден е во 1804 г., што е означено на натпис на јужниот ѕид.[1][2] На натписот се вели дека храмот е обновен во 1804 г., односно дека е подигнат врз темелите на постар поствизантиски, а можеби и византиски храм.[2]
Црквата претставува трикорабнабазилика со дрвен покрив, трем од јужната страна и полукружна апсида на исток.[1][2] Ѕидаријата е изведена од ситни камења, и во јужниот ѕид има вградени камени релјефи.[2] Внатрешноста е пространа, што укажва на тоа дека храмот веројатно бил посветен на тројца светци. До 1960-тите постоела галерија со женска црква. Трите кораби се поделени со првобитните дрвени столбови, премачкани со гипс. За вредни се сметаат резбаниот владички престол и амвон, певницата и проскинитарите, како и клупите.[2] На иконостасот има икони од XVII, XVIII и XIX век,[1][2] од кои некои се дело на Кулакиската школа.[2]
На 12 септември 2011 г. во жртвеникот на храмот, десно од олтарот се положени моштите на Света Кирана, маченичка од Висока. На 8 февруари 2012 г. десно од олтарната врата се положени дел од моштите на Света Акилина, маченичка од лагадинското село Загливер.[2]