Во 1860 г. храмот „Пресв. Богородица Камарска“ изгорел во пожар. Во јули истата година митрополитот Теоклит Берско-негушки почнал иградба на храм, посветен на Свети Антониј Нов, покровител на Бер. На 4 февруари 1898 г. и оваа црква изгорела во пожар. Храмот е обновен со ктиторството на Евдоксија Малакусти.[1] Дело е на истакнатиот архитект Ксенофон Пеонидис.[2] Осветен е на 12 септември 1904 г. од митрополитот Константиј Берско-негушки. Претставува трикорабнабазилика со припрата и трем. Подоцна од запад се доградени две големи кули.[1]