- За истоимената скопска црква видете Црква „Св. Ѓорѓи“ - Чаир
Свети Ѓорѓи претставува главната манастирска црква на Криводолскиот манастир. Се наоѓа во месноста Криви Дол во Скопје, веднаш позади калето[1]. Позната е по тоа што таму пеењето е во стилот на источноевропската традиција, односно византиско пеење. Во минатото тоа место било доста посетувано од старите скопјани, особено како излетници за време на патрониот празник на црквата, Ѓурѓовден. Сегашната црква е градена после скопскиот земјотрес. Оваа црква има богат мозаик од фрески, со богат и мошне убав иконостас кој порано бил своина на сега веќе непостоечката скопска црква „Св. Константин и Елена“.[2]. Во внатрешноста на црквата, веднаш лево од влезот постои извор соѕидан во чешма, од кој многу луѓе полнат вода, за која се верува дека е лековита.
Во рамките на овој манастирски комплекс, се наоѓа резиденцијата на поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски Господин Господин Стефан.
Наводи
Галерија
Цркви во Општина Карпош |
---|
| | | |
---|
| |
|