Свети Ѓорѓи — главна селска црква во гостиварското село Куново, Македонија.
Местоположба
Црквата е сместена на крајниот јужен дел на селото Куново, изградена на една мала височина.[1] Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Храмот е завршен во 1877 година[2] или во 1880 година на темели на многу постара црква.[1]
Храмот бил осветен на 8 октомври 1924 година.
Архитектура
Фасадата и кровната конструкција се целосно обновени во 1994 со средства на црковниот одбор, а после неколку години е обновена и дрвената камбанарија и оградниот ѕид кој е покриен и е спасен од забот на времето.
Фрескоживопис
Познатиот зограф Аврам Дичов ги насликал фреските во црквата, кои и денес се во одлична состојба. Забележително е тоа што, наместо вообичаената претстава на Витлеемската ѕвезда, во композицијата „Рождество Христово“ зографот ја насликал шеснаесеткраката македонска Ѕвезда од Кутлеш.[3][1]
-
Икона на Аврам Дичов (1877 г.)
-
Фреска „Рождество Христово“
-
Икона на Аврам Дичов (1877 г.)
Иконостас
На иконостасот се поставени 34 икони, изработени од познатиот зограф Аврам Дичов од Тресонче.
Галерија
-
Селските гробишта
-
Апсидата
-
Поглед на црквата
-
Базен за верски обреди
-
Помошниот влез
-
Ниша над помошниот влез
-
Помошниот објект
-
Главниот влез
-
Ниша над главниот влез
-
Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски