Воезнесение Христово (Св. Спас) — црква во прилепското село Полчиште, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена на сретселото. Подигната е во втората половина на XIX век, а живописана во 1882 г. од непознат зограф.[1] Претставува еднокорабна градба со рамен таван и полукружна апсида на источната страна. На западната страна има галерија на кат.[2]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски