Свети Спас односно Црква на Вознесението Христово — пештерна црква западно од преспанското село Евла.[1] Црквата претставува главна манастирска црква на истоимениот манастир. Таа се наоѓа на шест километри патување од селото , до кој може да се стигне само пеш или со теренско возило. На празникот Св. Спас кој секоја година се прославува на различен датум доаѓаат луѓе од целата Преспа, а доаѓаат луѓе од околните села[2]. Таа е единствена пештерска црква во преспанско-пелагониската епархија.
Легенда
Вистинското место на црквата "Спаса" било подалеку од селото, сега викано (стара Спаса), но кога Турците го испоганиле според преданијата, иконата што била таму жителите ја нашле на неколку километри од селото Евла, каде што била подигната црквичка, веднаш до пештерата до која само лежечки се приоѓа за да се наполни лековита вода од изворот што го има под планината.
Кај црквата постои Свет Камен и луѓето се провираат низ него. Тие излегуваат низ едната дупка, а влегуваат низ другата. Најмладите за закрепнување и здравје, другите за добивање на пород. Над стените каде што се наоѓа пештерата е изграден крст во комплексот на црквата, како и конаци и прифатилишта за многубројни посетители. А такви доаѓаат од разни страни, со желби и надежи да им се остварат соништата и советите дека не треба да бидат малодушни и без верба за среќа и здравје.
Галерија
-
Просторот пред трпезаријата
-
Трпезаријата
-
Скалилата кои водат во црквата
-
Надворешниот простор пред пештерата
-
Ѕвоното на црквата
-
Пештерниот ходник
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Внатрешноста на пештерата
-
Излезот од пештерата кој води кај крстовите над пештерата
-
Крст над пештерата
-
Крстови над пештерата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски