Вознесение Христово или Свети Спас — главна селска црква во селото Добрушево.[1] Црквата е сместена во северниот дел од селото.
Историја
Црквата била изградена во 1860 година. Во текот на Првата светска војна била до темел срушена, по што одново била изградена на старите темели во 1924 година. Повторно била обновена во 1960-тите, а потоа и во 1990-тите со добротворни прилози на иселеници од селото.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна и осумаголна купола. Влезот е сместен на западната страна, а црквата има спореден влез на јужната страна. Куполата е изградена од лим и на секоја страна има по една монофора.
Дворот на црквата е ограден со ограда од камени блокови и во него се сместени камбанаријата, помошен објект, капела и селските гробишта. Камбанаријата се состои од три дела, од кои долните два имаат квадратна основа, додека најгорниот е со осумаголна основа и на секоја од осумте страни има по една монофора.
Галерија
-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Дворот на црквата
-
Западната страна на црквата
-
Главниот влез на црквата
-
Споредниот влез на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
Поврзано
Наводи
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Добрушево Архивирано на 30 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски