Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга

Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга
Зградата на Центарот за култура во 2022 година
Карта
Општи податоци
МестоСтруга, Македонија
АдресаУл. „15-ти Корпус“ б.б.

Центар за култура „Браќа Миладиновци“културна установа во Струга. Центарот за култура е главен носител на културни, уметнички и просветни активности во Струга. Установата е наречена по македонските преродбеници Браќа Миладиновци. Во рамките на Центарот работи Матичната библиотека.

Историја

Матичната библиотека во Струга била создадена во 1944 година, веднаш по ослободувањето на градот. Подоцна во 1959 година, била донесена одлука сите културно образовни установи да бидат обединети во единствен Дом на култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.[1]

Муралот.

Во октомври 2021 година, во рамки на проектот „Градиме култура, сликаме култура - мурали за 30 години независност“, уметникот Горан Ристовски насликал на јужната страна на зградата на Центарот за култура, мурал со ликот на Владо Малески, струшкиот вез и дел од текстот на химнатаДенес над Македонија“ односно делото на Малески.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Јубилеи: 75 години Матична библиотека и 60 години Центар за култура „Браќа Миладиновци" - Струга“. publicitet.mk. 27 септември 2019. Архивирано од изворникот 2022-11-14. Посетено на 14 ноември 2022.
  2. Стојкова-Костоски, Слаѓана (25 октомври 2021). „Мурал со дела од Владо Малески насликан на фасадата на Центарот за култура во Струга“. Македонска информативна агенција. Архивирано од изворникот 2022-11-14. Посетено на 14 ноември 2022.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!