Цел за одржлив развој 13 (скратено ЦОР 13) — тринаесетта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел „преземање мерки за климата“. Официјалниот текст гласи „да се преземат итни мерки за борба против климатските промени и нивното влијание“.[1][2]
Декадата од 2010 до 2019 година била најтопла во историјата. Тековното глобално затоплување се одразува врз глобалната заедница во секоја земја во светот, а неговото влијание не е само врз националните економии, туку и врз луѓето и домаќинствата, особено оние коушто живеат во ранливи услови.[3]
↑United Nations (2017) Resolution adopted by the General Assembly on 6 July 2017, Work of the Statistical Commission pertaining to the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/71/313)