Царинска управа на Република Македонија - државен орган задолжен за спроведување на царинската постапка и за контрола на царинското работење во Република Македонија.
Надлежности
Основни надлежности на Царинската управа се:[1]
- Спроведување на царински надзор, царинење на стока, царинска контрола, спроведување на акцизен надзор на целата територија на Република Македонија, истражни и разузнавачки мерки со цел спречување, откривање и истражување на царински прекршоци и кривични дела;
- Заштита на сигурноста и безбедноста на луѓето, животните и растенијата, заштита на предмети со историска, уметничка и археолошка вредност, авторски и други права, како и други мерки на трговската политика пропишани со закон;
- Спроведување на царински контроли по царинењето;
- Спроведување на внатрешни контроли и ревизии во сите сфери на царинското работење и целокупното функционирање на Царинската управа, со цел откривање на случаи на непочитување на законите и интерните акти и злоупотреби при вршењето на службените должности од страна на вработените;
- Водење на прекршочна постапка, изрекување на прекршочна санкција за сторен царински, акцизен и девизен прекршок, како и поведување на постапка по кривични дела утврдени со закон.
Наводи