Хуан Квадрадо

Хуан Квадрадо
Лични податоци
Полно име Хуан Гилермо Квадрадо Бело[1]
Роден на 26 мај 1988(1988-05-26)(36 г.)[1]
Роден во Некокли, Колумбија
Држава Колумбија Колумбија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Интер Интер
Број 17
Агент Италија Алесандро Лучи
Младинска кариера
Индепендиенте Меделин Инд. Медељин
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2009 Индепендиенте Меделин Инд. Медељин 30 (2)
2009-2011 Удинезе Удинезе 20 (0)
2011-2012Лече Лече 35 (17)
2012-2015 Фјорентина Фјорентина 85 (20)
2015 Челси Челси 13 (0)
2015-2023 Јувентус Јувентус 224 (20)
2023- Интер Интер 0 (0)
Репрезентација
2010- Колумбија Колумбија 78 (8)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Хуан Гилермо Квадрадо Бело (роден на 26 мај 1988, во Некокли) — колумбиски фудбалер, играч од средниот ред на Интер и на колумбиската репрезентација.

Има прекар Веспа заради својата брзина.[2]

Биографија

Квадрадо е роден во Некокли како син на Марсела Бело Квадрадо и Гилермо Квадрадо,[3] возач на камион. Тој израснал во Тумако. Неговиот татко бил застрелан кога имал 5 години.[4] Во едно интервју неговата мајка изјавила дека Квадрадо морал да биде совршен ученик за да може да игра фудбал.[3] Тој е побожен христијанин.[5]

Во 2016 Квадрадо се оженил со италијанката Мелиса Ботеро со која имаат едно дете, ќерката Лусија.[6]

За време на сезоната 2017-2018, Квадрадо се појавува во документарната серија на Netflix наречена First team: Juventus. Во еден од деловите тој открива детали од својот живот пред фудбалот, сиромаштијата и тешкото детство, изјавувајќи: Денес сите ме знаете како фудбалерот Квадрадо, но малкумина го познаваа малото сиромашно момче Квадрадо од Некокли.

Технички карактеристики

Тој може да игра на сите позиции по десната страна како десен бек, крило во линија со 4 или 5 играчи, а може да игра и како офанзивно крило во напад со 3, каде што, исто така, може да биде користен и на левата страна. Неговите најдобри одлики се неговата брзина, дриблинг и продор, благодарение на кои тој е незапирлив кога има простор во отворено поле. Тој, исто така стекнал и добар удар со двете нозе во текот на последните години од неговата кариера, што му овозможило почесто да постигнува голови отколку на почетокот на кариерата. Обожава ситуации еден на еден со противниците каде може да го прикаже одличниот дриблинг кој го поседува.[7]

Клупска кариера

Индепендиенте Медељин

Играјќи на десната страна во одбраната, тој ги направил првите фудбалски чекори во малку познатата екипа Атлетико Ураба, пред да биде ангажиран од страна на Индепендиенте Медељин во 2007. Во првите месеци од 2008 е повикан во првиот тим, каде собира 21 настап и 2 гола.

Удинезе

Во почетокот на јуни, претседателот на Индепендиенте Медељин го потврдил интересот на Удинезе за ангажман на играчот.[8] и всушност на 3 јули 2009 тој пристигнал во Удинезе, потпишувајќи постојан петогодишен договор[9][10] и дебитирал во Серија А на 1 ноември.

Лече

На 3 август 2011, Квадрадо заминал на заем во Лече.[11] Својот прв гол за Лече, и прв во Серија А, го постигнал на 6 ноември 2011 година, со соло акција на Мануци против Чезена, во натпревар кој Лече го добил со 1-0 благодарение на неговиот погодок.[12]. По завршувањето на сезоната Лече не успеал да избори опстанок и испаднал во Серија Б, па Квадрадо се вратил во Удинезе. Истата година тој исто така ја освоил наградата за играч кој направил највеќе дриблинзи во Серија А.

Фјорентина

На 23 јули 2012, бил купен од страна на Фјорентина[13] на заем од 1 милион евра со право на откуп на половината од договорот за 5 милиони евра.[14][15] Тој го направил своето деби во виолетовиот дрес на 18 август во натпреварот од Купот на Италија Фјорентина-Новара 2-0, влегувајќи од клупата за резерви, на местото на Мануел Пасквал во 58-мата минута.[16] На 4 ноември го постигнал својот прв гол за Виола, во 11-тото коло од првенството, победата со 4-1 на домашен терен над Каљари.[17] До крајот на сезоната, постигнал уште 4 гола (сите во првенството), во победите над Џенова (3-2), Торино (4-3) и Сампдорија (0-3), како и во поразот со 2-1 од Каљари. Својата деби сезона во дресот на Фјорентина ја завршил со 36 настапи во Серија А и 4 во Купот на Италија. Исто така бил избран во идеалниот тим на Серија А сезоната 2012-2013.

На 17 јуни 2013, Фјорентина ја искористила опцијата за откуп на половина од договорот, со што тој станал играч во ко-сопственост помеѓу Фјоренитина и Удинезе.[18] Својата втора сезона во клубот, Квадрадо ја започнал со гол во првиот натпревар од плејофот на Лигата на Европа против Грасхопер, помагајќи му на својот тим да победи со 2-1 на гости. На 27 октомври 2013, за првпат во својата кариера постигнал два гола на еден натпревар, во мечот Кјево-Фјорентина 1-2, со кој ја анулирал негативата на својот тим и со пресврт го донел до конечна победа.[19] Сезоната ја затворил со вкупно 43 настапи во сите натпреварувања (Серија А, Купот на Италија и Лигата на Европа), постигнувајќи 15 гола од кој 11 биле во лигата. По завршувањето на сезоната одново бил избран во идеалниот тим на првенството.

На 19 јуни 2014, Фјорентина целосно го откупила договорот на Квадрадо за 14,5 милиони евра.[20] Со тоа тој станал најскапиот трансфер на Фјорентина откако сопственик на клубот е Дела Вале, платен вкупно 21 милион (еден милиони евра за заем во првата година, 5,5 милиони евра за првата половина од договорот и 14,5 за конечната отплата).[21] На 18 септември, го постигнал својот прв гол во неговата трета сезона против Генгамп (во Лига Европа) во победата со 3-0.[22] На 24 октомври потпишал нов договор со виола во трајност до 30 јуни 2019, со вметната клаузула за престанок од 35 милиони евра.[23] На 11 декември, во натпреварот Фјорентина-Динамо Минск 1-2 во Лигата на Европа, го направил 100-тиот настап во дресот на Фјорентина. Во својата последна сезона постигнал 6 гола на 23 натпревари, пред да го напушти клубот во февруари 2015, после две и пол години поминати на Артемио Франки.

Вкупно за Фјорентина одиграл 106 натпревари и постигнал 26 гола.

Челси

Квадрадо во дресот на Челси.
Квадрадо (лево) слави со соиграчите од Челси по освојувањето на Лига купот 2014-2015.

На 2 февруари 2015 година, Квадрадо потпишал четири и пол годишен договор со Челси[24] за сума од 33 милиони евра плус позајмица на Мохамед Салах во Фјорентина.[25] По потпишувањето, Квадрадо изјавил: "Јас сум многу задоволен и благодарен за укажаната прилика. Ова е голем клуб и искрено тоа е како сон да станеш дел од семејството на Челзи и да знаеш дека менаџерот (Жозе Мурињо) верува во мене. Јас сум среќен".[24]

Пет дена по потпишувањето, Квадрадо го направил своето деби за Челси, влегувајќи на местото на Вилијан за последните десет минути од победата со 2-1 на гостувањето кај Астон Вила.[26] На 11 февруари го направил својот прв старт во својот прв настап на Стемфорд Бриџ, играјќи до 70-тата минута пред да биде заменет од страна на Сеск Фабрегас во победата со 1-0 над Евертон.[27] На 1 март го освоил својот прв трофеј со Челзи, после подбедата со 2-0 над Тотенхем во финалето на Лига купот; Квадрадо влегол во игра во 76-тата минута на местото на Вилијан.[28] Како одговор кон критиките упатени на адреса на менаџерот заради малата минутажа на Квадрадо, Мурињо во едно интервју изјавил: "Сите сметаат дека тој треба да игра во секое време или барем секој натпревар, но како и секој играч кој ќе се приклучи на нов клуб, тој треба време. Јас верувам дека тој ќе биде неверојатен во следната сезона".[29] На 3 мај, Квадрадо го направил својот трет старт за Челзи, во натпреварот против Кристал Палас, меѓутоа веќе на полувремето бил заменет со Џон Оби Микел; Челзи победил со 1-0 и математички ја заверил титулата во Премиер лигата.[30] Три недели подоцна, во последниот натпревар од сезоната против Сандерленд, тој заработил пенал по фаулот што врз него го извршил Џон О'Шеи, од кој Диего Коста го изедначил резултатот а потоа Челси победил со 3-1.[31]

Јувентус

2015-2019

Квадрадо во дресот на Јувентус во 2017

На 25 август 2015 година, Квадрадо му се приклучил на Јувентус на заем до 30 јуни 2016.[32][33] На презентацијата го избрал дресот со број 16.[34] На 30 август, го направил своето деби за Јувентус, влегувајќи како замена во 72-та минута на местото на Симоне Падоин во поразот со 2-1 од Рома.[35] На 31 октомври го постигнал својот прв гол во новиот дрес во градското дерби против Торино и тоа за победа на неговиот тим со 2-1 во третата минута од судиско продолжение.[36] Својот втор гол за сезоната го постигнал на 13 декември, во победата на домашен терен над неговиот поранешен клуб Фјорентина со 3-1.[37] На 16 март го постигнал својот прв погодок во Лигата на шампионите на Алијанц Арена против Бајерн Минхен, во поразот по продолженија со 4-2 во осминафиналето.[38] На 25 април, Квадрадо со екипата на Јувентус го освојува италијанското првенство, неговото прво лично скудето во кариерата.[39][40] На 21 мај му помогнал на својот Јувентус да го освои Купот на Италија, асистирајќи му на Алваро Мората за единствениот гол во финалето против Милан.

Во летото 2016 Квадрадо се вратил во Челси но побарал од клубот трансфер назад во Италија каде покрај Јувентус, кој сакал да го задржи се појавиле уште неколку заинтерсирани клубови меѓу кои Интер и Милан. Сепак, по долги преговори на 31 август во последниот ден од трансферниот прозорец Квадрадо се вратил во Јувентус со договор за тригодишен заем за 5 милиони евра по сезона, плус обврска за откуп на играчот за дополнителни 20 милиони евра. По враќањето во клубот Квадрадо го зел дресот со број 7. На 18 октомври, Квадрадо постигнал ретко видлив гол со удар од косо во победата со 1-0 на гостувањето кај Олимпик Лион во Лигата на шампионите.[41] На 5 февруари 2017, во првенството, колумбиецот го одлучил Дербито на Италија со уште еден прекрасен погодок со удар од далечина во победата со 1-0 на домашен терен против Интер.[42] Откако освоил нова домашна двојна круна со Јувентус во сезоната 2016-2017, на 22 мај тој бил откупен од страна на бјанконерите за 20 милиони евра.[43] Квадрадо играл и во финалето на Лигата на шампионите каде се појавил како замена на местото на Андреја Барцаљи во второто полувреме, но неговиот настап завршил неславно, откако бил контроверзно исклучен по добивање на втор жолт картон за наводно згазнување врз ногата на Серхио Рамос (што не се случило) во 84-тата минута; Јувентус го загубил финалето со 1-4.[44][45][46]

Репрезентативна кариера

Квадрадо против Бразил на Светското првенство 2014.

Откако потпишал за Удинезе, Квадрадо го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Колумбија, и започнал во почетниот состав на натпреварот против Венецуела одигран на 3 септември 2010 во Пуерто Ла Круз, притоа постигнувајќи го првиот гол во победата со 2-0.[47]

Квадрадо бил дел од колумбиската репрезентација која се пласирала во четврт-финалето на Копа Америка 2011 во Аргентина; правејќи го единствениот настап на турнирот во нивниот последен натпревар од групната фаза, победата со 2-0 победа над Боливија во Санта Фе, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Фреди Гуарин во 50-тата минута.[48]

Во мај 2014 бил избран во 23-члениот состав на Колумбија за Светското првенство 2014 во Бразил.[49] Во третиот натпревар од групата, победата со 4-1 над Јапонија, тој го постигнал првиот гол на натпреварот од пенал.[50] Тој го завршил натпреварувањето со 4 асистенции, колку што имал и Тони Крос од Германија со што тие двајца биле водечки играчи во оваа категорија.[51]

Квадрадо ги одиграл сите минути на патот на Колумбија до четвртфиналето на Копа Америка 2015 во Чиле, и постигнал гол во натпреварот против Аргентина кој неговата репрезентација го загубила на пенали.[52]

На 13 октомври 2015, бил исклучен на крајот од натпреварот на Колумбија против Уругвај во поразот со 3–0 во квалификациите за Светското првенство 2018, за удирање со лакт во лицето на Диего Ролан.[53]

Тој бил вклучен во составот на Колумбија за Копа Америка Сентенарио,[54] каде стигнале до третото место а Квадрадо играл во сите шест натпревари.

На Светското првенство 2018, Квадрадо ги одиграл сите 4 натпревари на неговата земја, а Колумбија била елиминирана во осминафиналето од Англија на пенали.[55] Тој постигнал еден гол на турнирот, последниот во победата со 3–0 над Полска во второто коло од групата Х.[55][56]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Колумбија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
03-09-2010 Пуерто Ла Круз Венецуела Венецуела 0 – 2 Колумбија Колумбија Пријателска 1 заменет 60'
07-09-2010 Монтереј Мексико Мексико 1 – 0 Колумбија Колумбија Пријателска - влегол во игра 65'
08-10-2010 Њу Џерси Еквадор Еквадор 0 – 1 Колумбија Колумбија Пријателска - влегол во игра 68'
12-10-2010 Честер САД САД 0 – 0 Колумбија Колумбија Пријателска - влегол во игра 63'
09-02-2011 Мадрид Шпанија Шпанија 1 – 0 Колумбија Колумбија Пријателска - влегол во игра 57'
29-03-2011 Хаг Чиле Чиле 2 – 0 Колумбија Колумбија Пријателска - влегол во игра 53'
10-07-2011 Санта Фе Колумбија Колумбија 2 – 0 Боливија Боливија Копа Америка 2011 - Прва фаза - влегол во игра 51'
03-09-2011 Њу Џерси Хондурас Хондурас 0 – 2 Колумбија Колумбија Пријателска - влегол во игра 73'добил жолт картон во 88-мата минута 88'
29-02-2012 Мајами Гарденс Мексико Мексико 0 – 2 Колумбија Колумбија Пријателска 1 заменет 84'
03-06-2012 Лима Перу Перу 0 – 1 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2014 - заменет 72'
10-06-2012 Кито Еквадор Еквадор 1 – 0 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2014 - влегол во игра 66'
11-09-2012 Сантјаго Чиле Чиле 1 – 3 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2014 - влегол во игра 46'
12-10-2012 Баранквила Колумбија Колумбија 2 – 0 Парагвај Парагвај Квал. за СП 2014 - влегол во игра 46'
16-10-2012 Баранквила Колумбија Колумбија 3 – 0 Камерун Камерун Пријателска - добил жолт картон во 42-рата минута 42' заменет 46'
14-11-2012 Ист Ратерфорд Бразил Бразил 1 – 1 Колумбија Колумбија Пријателска 1
06-02-2013 Мајами Гарденс Гватемала Гватемала 1 – 4 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 46'
22-03-2013 Баранквила Колумбија Колумбија 5 – 0 Боливија Боливија Квал. за СП 2014 - заменет 79'
26-03-2013 Пуерто Ордаз Венецуела Венецуела 1 – 0 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2014 - заменет 65'
07-06-2013 Буенос Аирес Аргентина Аргентина 0 – 0 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2014 - влегол во игра 34'добил жолт картон во 37-мата минута 37'
11-06-2013 Баранквила Колумбија Колумбија 2 – 0 Перу Перу Квал. за СП 2014 - заменет 77'
14-08-2013 Баранквила Колумбија Колумбија 1 – 0 Србија Србија Пријателска - заменет 72'
06-09-2013 Баранквила Колумбија Колумбија 1 – 0 Еквадор Еквадор Квал. за СП 2014 - влегол во игра 46'
10-09-2013 Монтевидео Уругвај Уругвај 2 – 0 Колумбија Колумбија Квал. за СП 2014 - влегол во игра 69'
11-10-2013 Баранквила Колумбија Колумбија 3 – 3 Чиле Чиле Квал. за СП 2014 - добил жолт картон во 48-мата минута 48'
14-11-2013 Брисел Бразил Бразил 0 – 2 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 69'
19-11-2013 Амстердам Холандија Холандија 0 – 0 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 81'
05-03-2014 Корнеља де Љобрегат Колумбија Колумбија 1 – 1 Тунис Тунис Пријателска - добил жолт картон во 47-мата минута 47'заменет 74'
06-06-2014 Буенос Аирес Колумбија Колумбија 3 – 0 Јордан Јордан Пријателска 1 влегол во игра 46' добил жолт картон во 75-тата минута 75'
14-06-2014 Бело Хоризонте Колумбија Колумбија 3 – 0 Грција Грција СП 2014 - Прва фаза -
19-06-2014 Бразилија Колумбија Колумбија 2 – 1 Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска СП 2014 - Прва фаза -
24-06-2014 Кујаба Јапонија Јапонија 1 – 4 Колумбија Колумбија СП 2014 - Прва фаза 1 заменет 46'
28-06-2014 Рио Де Жанеиро Колумбија Колумбија 2 – 0 Уругвај Уругвај СП 2014 - Осминафинале - заменет 81'
04-07-2014 Форталеца Бразил Бразил 2 – 1 Колумбија Колумбија СП 2014 - Четвртфинале - заменет 80'
05-09-2014 Мајами Гарденс Бразил Бразил 1 – 0 Колумбија Колумбија Пријателска - Yellow cardYellow cardRed card 29', 49'
14-10-2014 Њу Џерси Канада Канада 0 – 1 Колумбија Колумбија Пријателска -
14-11-2014 Лондон САД САД 1 – 2 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 88'
18-11-2014 Љубљана Словенија Словенија 0 – 1 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 80'
26-03-2015 Рифа Бахреин Бахреин 0 – 6 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 82'
30-03-2015 Абу Даби Колумбија Колумбија 3 – 1 Кувајт Кувајт Пријателска - заменет 46'
06-06-2015 Буенос Аирес Колумбија Колумбија 1 – 0 Костарика Костарика Пријателска - добил жолт картон во 38-мата минута 38' заменет 77'
14-06-2015 Ранкагва Колумбија Колумбија 0 – 1 Венецуела Венецуела Копа Америка 2015 - Прва фаза -
17-06-2015 Сантјаго Бразил Бразил 0 – 1 Колумбија Колумбија Копа Америка 2015 - Прва фаза -
21-06-2015 Темуко Колумбија Колумбија 0 – 0 Перу Перу Копа Америка 2015 - Прва фаза -
26-06-2015 Виња дел мар Аргентина Аргентина 0 – 0 прод.
(5-4 пен.)
Колумбија Колумбија Копа Америка 2015 - Четвртфинале - добил жолт картон во 40-тата минута 40'
Вкупно Настапи 44 Голови 5

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 16 август 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008 Колумбија Индепендиенте Медељин КПА 21 2 - - - - - - - - - 21 2
2009 КПА 9 0 - - - КЛ 2 0 - - - 11 0
Вкупно Инд. Медељин 30 2 2 0 32 2
2009-2010 Италија Удинезе А 11 0 КИ 1 0 - - - - - - 12 0
2010-2011 А 9 0 КИ 3 0 - - - - - - 12 0
Вкупно Удинезе 20 0 4 0 - - - - 24 0
2011-2012 Италија Лече А 33 3 КИ 0 0 - - - - - - 33 3
2012-2013 Италија Фјорентина А 36 5 КИ 4 0 - - - - - - 40 5
2013-2014 А 32 11 КИ 3 1 ЛЕ 8[57] 3[58] - - - 43 15
2014-јан. 2015 А 17 4 КИ 1 1 ЛЕ 5 1 - - - 23 6
Вкупно Фјорентина 85 20 8 2 13 4 - - 106 26
јан.-јун. 2015 Англија Челси ПЛ 12 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛШ 1 0 - - - 14 0
авг. 2015 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК - - ЛШ - - КШ 0 0 1 0
Вкупно Челси 13 0 1 0 1 0 0 0 15 0
авг. 2015-2016 Италија Јувентус A 28 4 КИ 4 0 ЛШ 8 1 СИ - - 40 5
2016-2017 А 30 2 КИ 3 0 ЛШ 12 1 СИ 0 0 45 3
2017-2018 А 21 4 КИ 1 0 ЛШ 6 1 СИ 1 0 29 5
2018-2019 А 18 1 КИ 0 0 ЛШ 5 0 СИ 0 0 23 1
2019-2020 А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 0 0
Вкупно Јувентус 97 11 8 0 31 3 1 0 137 14
Вкупно во кариерата 278 36 21 2 47 7 1 0 347 45

Титули

Англија Челси[1]

Италија Јувентус[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Juan Guillermo Cuadrado Bello“. Soccerway. Global Sports Media. Посетено на 3 August 2011.
  2. Cuadrado e la Vespa: "Il soprannome me l'ha dato Toni" violachannel.tv
  3. 3,0 3,1 Borgi, Stefano (4 April 2013). „MAMMA CUADRADO A FV, VI RACCONTO MIO FIGLIO JUAN...“ [MOTHER CUADRADO TO FV, LET ME TELL YOU ABOUT MY SON JUAN...]. firenzeviola.it (италијански). Посетено на 10 July 2014.
  4. McCafferty, Hugo (1 July 2014). „Juan Cuadrado: Colombia's World Cup revelation“. Swide Magazine. Архивирано од изворникот на 2016-01-28. Посетено на 10 July 2014.
  5. Baines, Ollie (6 June 2018). „5 Christian footballers to keep your eye on at the World Cup this summer“. X the Line. Архивирано од изворникот на 2018-12-15. Посетено на 14 December 2018.
  6. Juan Cuadrado Biography playerswiki.com
  7. Juan "Splinter" Cuadrado: scheda tecnica e video Архивирано на 12 октомври 2014 г. brividosportivo.it
  8. Francesco Caputo (2009). „Udinese, interesse per Cuadrado“. tuttomercatoweb.com. Посетено на 19 ноември 2010.
  9. Juan Guillermo Cuadrado in bianconero, udinese.it
  10. Francesco Caputo (2009). „Cuadrado: "Udine è l'occasione della mia vita". tuttomercatoweb.com. Посетено на 19 ноември 2010.
  11. „Definita l'acquisizione di Obodo e Cuadrado“. uslecce.it. 2011.
  12. agi.it, уред. (6 ноември 2011). „Cesena lecce 0-1, Gol di cuadrado“. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 11 јануари 2012.
  13. LA FIORENTINA UFFICIALIZZA CUADRADO violachannel.tv
  14. Pedullà: Cuadrado in prestito oneroso (1 Mln) e riscatto della metà a 5 Mln fiorentina.it
  15. Mercato Cuadrado: piccolo giallo sul trasferimento...tutto risolto fiorentina.it
  16. Coppa Italia / Fiorentina- Novara violachannel.tv
  17. legaseriea.it, уред. (4 ноември 2011). „Fiorentina 4-1 Cagliari“. Архивирано од изворникот на 2012-12-09. Посетено на 18 мај 2014.
  18. Esercitato il riscatto per Cuadrado violachannel.tv
  19. Legaseriea.it, уред. (27 октомври 2013). „ChievoVerona 1-2 Fiorentina“. Архивирано од изворникот на 2013-10-27. Посетено на 28 октомври 2013.
  20. Cuadrado: 14,5 milioni all'Udinese e diritto di prelazione su.. Babacar fiorentina.it
  21. fiorentina.it. „Mercato Fiorentina: Cuadrado tutto viola, finalmente si...“.
  22. „Fiorentina-Guingamp 3-0: Vargas, Cuadrado e Bernardeschi,“.
  23. Rinnovo Cuadrado, ingaggio intorno ai 3 milioni di euro. Clausola fissata a 35 fiorentina.it
  24. 24,0 24,1 „Cuadrado signs“. Chelseafc.com. 2 February 2015. Посетено на 2 February 2015.
  25. „Juan Cuadrado: Chelsea sign Fiorentina winger for £23.3m“. BBC Sport. 2 February 2015. Посетено на 2 February 2015.
  26. Bevan, Chris (7 February 2015). „Aston Villa 1–2 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 7 February 2015.
  27. Sheringham, Sam (11 February 2015). „Chelsea 1–0 Everton“. BBC Sport. Посетено на 11 February 2015.
  28. McNulty, Phil (1 March 2015). „Chelsea 2-0 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 2 March 2015.
  29. „Jose Mourinho on Juan Cuadrado: 'He'll have his time'. Mail Online.
  30. Jacob Steinberg. „Chelsea crowned Premier League champions after Crystal Palace win – as it happened“. the Guardian.
  31. Winton, Richard (24 May 2015). „Chelsea 3–1 Sunderland“. BBC Sport. Посетено на 24 May 2015.
  32. „Cuadrado in Juventus loan“. Chelsea F.C. 25 August 2015. Посетено на 25 August 2015.
  33. August 2015 „Juan Cuadrado: Chelsea winger signs loan deal with Juventus“ Проверете ја вредноста |url= (help). BBC Sport. 25 August 2015.
  34. Juventus, ecco Cuadrado: "Qui per restare a lungo"
  35. S.r.l., Stratech. „Calendario e Risultati | Stagione 2015-16 | 2^ Giornata | Lega Serie A“. www.legaseriea.it. Посетено на 2015-08-31.[мртва врска]
  36. Guido Vaciago (31 октомври 2015). „Juventus-Torino 2-1: Cuadrado decide il derby al 93'. Tuttosport. Посетено на 4 февруари 2016.
  37. „Juve-Fiorentina, Cuadrado: "Gol fortunato, volevo servire Mandzukic". La Gazzetta dello Sport. 14 декември 2015. Посетено на 4 февруари 2016.
  38. „Calciomercato Juventus, la doppia 'beffa': Cuadrado e Morata, dall'azione-gol all'addio?“. calciomercato.com. 17 март 2016. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 2016-04-29.
  39. Timothy Ormezzano (25 април 2016). „Dall'imbattibilità alla rimonta: una stagione da record“. repubblica.it.
  40. Alberto Mauro (25 април 2016). „Juventus, uno scudetto thrilling: dalla crisi iniziale al record di vittorie“. gazzetta.it.
  41. Fabiana Della Valle (18 октомври 2016). „Champions, Lione-Juventus 0-1: decide Cuadrado, eroico Buffon“.
  42. Alessandro Bocci (5 февруари 2017). „Juventus-Inter 1-0: Cuadrado da fuori decide la battaglia“.
  43. „Cuadrado, riscatto!“. 22 мај 2017.
  44. Andrew Das and Rory Smith (3 June 2017). „Champions League Final: Real Madrid Confirms Its Spot as World's Best“. nytimes.com. Посетено на 3 June 2017.
  45. Jonathan Wilson (3 June 2017). „Champions League final collapse suggests Juventus' issues run far deeper than mere fortune“. The Independent. Посетено на 15 July 2017.
  46. „Cuadrado receives harsh red for alleged foul on Ramos“. As.com. 3 June 2017. Архивирано од изворникот на 2021-04-22. Посетено на 15 July 2017.
  47. „Colombia defeats Venezuela 0-2 in a friendly at Puerto La Cruz“. Fútbol Red (шпански). 3 September 2010. Посетено на 13 April 2015.
  48. Kotsev, Vasil (10 July 2011). „Colombia 2-0 Bolivia: Radamel Falcao double sends Hernan Gomez's men into quarter-finals as Group A winners“. Goal.com. Посетено на 13 April 2015.
  49. „Recovering Falcao left off Colombia's final 23-player World Cup roster“. Fox Sports. 2 June 2014. Посетено на 26 June 2014.
  50. „Japan 1-4 Colombia“. BBC. 24 June 2014. Посетено на 26 June 2014.
  51. „Players - Top goals“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 2015-01-15. Посетено на 14 July 2014.
  52. „Copa América quarter-final: Argentina beat Colombia 5-4 on penalties – as it happened“. The Guardian. 27 June 2015.
  53. Pisani, Sacha (14 October 2015). „Uruguay 3–0 Colombia: Godin on song as hosts stay perfect“. Goal.com. Посетено на 14 October 2015.
  54. Doug McIntyre (2 June 2016). „Colombia 'can go far' at Copa America Centenario - Jose Pekerman“. ESPN FC. Посетено на 7 June 2016.
  55. 55,0 55,1 FIFA.com. „2018 FIFA World Cup Russia™ - Players - Juan CUADRADO - Juan Cuadrado - FIFA.com“. www.fifa.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-06-23. Посетено на 11 July 2018.
  56. FIFA.com. „2018 FIFA World Cup Russia™ - Matches - Poland - Colombia - FIFA.com“. www.fifa.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-06-25. Посетено на 11 July 2018.
  57. 3 настапи во квалификациските рунди.
  58. 1 гол во квалификациските рунди.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!