Хегемона, исто така позната како Јупитер XXXIX — месечина на Јупитер. Откриена е од група наастрономи од Хавајскиот универзитет, предводена од Скот Шепард во 2003 година и ѝ било дадено привременото назначување S/2003 J 8.[2][3]
Хегемона е со пречник од околу 3 километри и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 23 703 000 км за 745,500 дена, при наклон од 153° до еклиптиката (151° до екваторот на Јупитер), во спротивновртечка насока и со ексцентричност 0,4077.
Името го добила во март 2005 година по Хегемона, една од Грациите и ќерка на Зевс (Јупитер).[4]
Хегемона спаѓа во Пасифаината група, неправилни спротивновртечки месечини што кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,1 Гм, и со наклони кои се движат помеѓу 144,5° и 158,3°.
Наводи