Хари Едмунд Мартинсон (6 мај 1904, Јамсхег - 11 февруари 1978, Стокхолм, Шведска) — шведски поет, белетрист, добитник на Нобеловата награда за литература во 1974 година (заедно со Ејвинд Јонсон) за целокупното творештво.
Животопис
Татко му починал кога Мартинсон наполнил шест години. Мајка му ги напуштила децата и емигрирала во Америка. Мартинсон го поминува детството во сиропиталишта. На крајот од Првата светска војна, Мартинсон доаѓа во Гетеборг, каде што работи на бродови. Од 1920 до 1927 година (со прекини) — морнар и огнар, често останува во пристаништата во Индија, Кина, Јужна Америка. Заболува од туберколоза и е принуден да го напушти морнарскиот живот. Во исто време почнува да пишува поезија.[1]
Книжевни дела
Првата стихозбирка „Сенишниот брод“ (1929) — под силно влијание на Киплинг и на шведскиот поет Артур Лундквист. Мартинсон се затврднува како поет со стихозбирката „Скитник“ (1931), напишана во слободен стих, што остава впечаток со јазикот и стилот, кршејќи ги уметничките канони. Автор е на огиринални патописи - „Патешествија без цел“ (1932) и „Збогум Кејл!“ (1933), на автобиографски романи „Копривите цутат“ (1935) и „Излезниот пат“ (1936). За време на советската инвазија во Финска (1939-1940) влегува во составот на Шведскиот доброволечки корпус за ослободување на Финска, но од здравствени причини е принуден да го напушти. Започнува да ја пишува книгата „Стварност за смртта“ (1940) во која се зборува за борбата против тоталитаризмот. Меѓу најзначајните творби се стихозбирките „Пасат“ (1945), а романот „Патот кон царството на камбаните“ (1948) и поемата „Анијара“ - филозофско дело за кризата на цивилизацијата, послужил за основа на либрето за опера, напишано од Карл Биргер Блумдал.
Во 1949 година е избран за член на Шведската академија - ретка чест за писател без образование. Мартинсон е почесен доктор на Универзитетот во Гетеборг. Во творештвото ја отсликува глобалната противречност на епохата - меѓу прирдниот начин на животот и индустриското општество што продува отуѓеност и ја раскинува човечката природа. Во 50-тите и во 60-тите години Хари Едмунд Мартинсон продолжува да пишува поезија - стихозбирките „Цикада“ (1953), „Кола“ (1960) и „Стихотворби за светлината и темнината“ (1971).
Наводи
- ↑ НИД„Микена“, Битола, 2009
|
---|
| 1901-1925 | | |
---|
| 1926-1950 | |
---|
| 1951-1975 | |
---|
| 1976-2000 | |
---|
| 2001-2025 | |
---|
|