„Хари“ (англиски: The Thing About Harry, 2020 година) — американска телевизиска романтична комедија.[1] Сценариото за филмот е на Питер Пејџ и Џош Сентер. Пејџ исто така е режисер на филмот.[2] Сем (толкуван од Џејк Борели) е млад геј маж кој по долги години се среќава со Хари (толкуван од Нико Терхо) -- силеџијата од средношколските денови. Двајцата се спријателуваат, а потоа и заљубуваат откако Хари признава дека станал пансексуалец. Во придружни улоги во филмот се појавуваат и Брит Барон, Карамо Браун, како и режисерот Пејџ.
Филмот премиерно се објави на 15. февруари 2020 година преку интернет платформите Фриформ и Хулу.[3]
Наводи