Италија 3–1 Германија Пријателска (1 јануари 1923)
Последен натпревар
Италија 0-0 Германија Пријателска (15 ноември 2016)
Статистика
Вкупно натпревари
35
Најмногу победи
Италија (15)
Највисока победа
Германија 5–2 Италија (26 ноември 1939) Италија 4–1 Германија (1 март 2006) Германија 4–1 Италија (29 март 2016)
Фудбалските натпревари помеѓу Германија и Италија претставуваат фудбалски натпревари помеѓу фудбалската репрезентација на Германија и фудбалската репрезентација на Италија,[1][2][3][4][5] двете најуспешни фудбалски нации во Европа. Севкупно, двете репрезентации имаат освоено осум Светски првенства (секоја по четири) и оствариле вкупно 14 настапи во финалето на турнирот (осум за Германија и шест за Италија) - повеќе од сите други европски репрезентации комбинирано.
Тие играле еден против друг пет пати на Светското првенство, а многу од овие натпревари се забележани како незаборавни во историјата на турнирот. Популарниот "Натпревар на векот", одигран во полуфиналето на Светското првенството 1970 помеѓу овие две држави во кој Италија победила со 4–3 по продолженија бил толку драматичен што бил одбележан со плакат на влезот на Стадионот Ацтека во Мексико Сити каде што се одиграл. Покрај мундијалите, Германија исто така има освоено три Европски првенства додека Италија го освоила еднаш. Двете репрезентации се соочиле едни против други четирипати на Европското првенство, а исходот е три ремија (едно завршило со германски успех по изведувањето на пенали) и една победа на Италија.
Иако Германија беше подобра од Италија на меѓународни натпревари, Италија е доминантна во досегашните меѓусебни двобои со "панцирите", совладувајќи ја 15 пати на 35 натпревари, со 12 нерешени и 8 победи на Германија.[6] Покрај тоа, Германија никогаш не ја победила Италија во официјален натпревар на голем турнир, сите победи на Германија над Италија се во пријателски натпревари, но сепак, Германија успеала да ја елиминира Италија на пенали по нерешените 1-1 по 120 минути игра во четвртфиналето на Европското првенство 2016.[7] Исто така, ремито на Европско првенство 1996 во групната фаза исто така ја елиминирало Италија од турнирот, иако Германија веќе била квалификувана за нокаут фазата.[8][9]