Фридрих Науман (германски: Friedrich Naumann; 1860-1919) - германски новинар и политичар.
Животопис
Својата политичка кариера Науман ја започнал како социјалист-марксист, а при крајот од Првата светска војна, Науман ја основал Германската демократска партија. Во 1915 година, Науман ја објавил книгата „Средна Европа“ (Mitteleuropa) која доживеала голема популарност во Германија. Во неа, тој ја изнесол идејата за политичка и економска реорганизација на Централна Европа под германско-пруска хегемонија.[1]
Наводи
- ↑ F. A. Hayek, The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 187.