Заедно со Росо Фјорентино бил меѓу водечките мајстори во дворецот Фонтенбло, и тука провел голем дел од животот. По смртта на Росо во 1540, Приматичо го презел раководството на уметничките работи во Фонтенбло, правејќи многу нацрти за сликарите и штукаторите од неговта тајфа. Изработил скици за таписерии и привремени сценски украси за дворски маски и прослави, од кои денес се зачувани само подготвителни скици и гравури. Франсоа имал голема доверба во неговиот вкус, и затоа го испратил по набавки во Италија во 1540 и 1545 г. Меѓу другото, Приматичо имал за задача да направи калапи од најдобрите римски скулптури во папските збирки. Некои од овие подоцна се излиени во бронза и се поставени во партерите на Фонтенбло.[1]
По смртта на Франсоа I, Приматичо и натаму продолжил да работи како дворски сликар за неговите наследници Анри II и Франсоа II. За негово ремек-дело се смета Херкуловата сала (Salle d'Hercule) во Фонтенбло, на кое работел од 1530-тите до 1559 г.
Неговите густи маниристички композиции и витката телесна естетика извршиле значајно влијание подоцнежната врз француската уметност .
Кон крајот на животот, Приматочо почнал да се занимава со архитектура. Неговото најзначајно градежно дело е кралската капела во опатијата Сен-Дени, која била посмртно завршена, и урната во 1719 г.
Наводи
↑Bruce Boucher, "Leone Leoni and Primaticcio's Moulds of Antique Sculpture" The Burlington Magazine123 бр. 934, (јануари 1981), стр. 23-26).