Франсиско Виљар Гарсија-Морено

Франсиско Хосе Виљар Гарсија-Морено (25 февруари 1948 година, во Мадрид - 26 октомври 2011 година, во Мадрид) бил шпански политичар од Народната партија (шпански: Partido Popular).

Биографија

Иако бил роден во Мадрид, голем дел од неговата кариера поминал во Галисија. Стекнал диплома по медицина и хирургија на Универзитетот во Сантијаго де Компостела.

Неговата политичка кариера била тесно поврзана со онаа на Маријано Рахој. Во 1990 година, тој бил назначен за провинциски делегат на Министерството за здравство при Владата на Галиција во Понтеведра, а од 1991-1996 година бил генерален директор на Галициската здравствена служба. Во 1996 година, по победата на Народната партија на општите избори, назначен бил за државен секретар за јавна администрација во Министерството за јавна администрација, водено од Рахој. Во следните години, тој бил назначен во голем број одделенија на централната влада раководена од Рахој.

Починал на 26 октомври 2011 година, по долго боледување.

Награди

  • Златен медал за спортски заслуги (2002).

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!