Фондацијата Голо срце — невладина организација за деца со посебни потреби со седиште во Русија. Фондацијата обезбедува образовни програми, бесплатни услуги за поддршка, игралишта во сиромашните области и поддршка за згрижувачките семејства и семејствата кои одгледуваат деца со посебни потреби, заедно со финансирање на невладини организации кои работат со такви семејства.
Основање
Организацијата е основана во 2004 година од руската манекенка и актерка Наталија Водјанова како одговор на траумата на која била сведок кај децата кои ја преживеале опсадата на училиштето во Беслан во 2004 година позната како Бесланска заложничка криза и, поопшто, нејзината перцепција за важноста на играта за децата.[1]
Забавни паркови и игралишта
Организацијата го изградила својот прв забавен парк во 2006 година во Нижни Новгород како дел од својата програма „Играј со цел“. Оттогаш има изградено над 158 детски забавни паркови и игралишта (разликата е во тоа што вторите се помали по големина). Архитектот и уметникот Адам Калкин го направил дизајнот за рекреативните центри во парковите, кои се изградени со контејнери за транспорт.
Секое дете заслужува семејство
Во 2011 година, Фондацијата Голо срце започнало нова програма, наречена „Секое дете заслужува семејство“, која сакала да ги поддржи семејствата кои имаат деца со посебни потреби.[2] Фондацијата Голо срце им дава финансиска и административна помош на професионалци кои работат за невладини организации кои им помагаат на семејствата на деца кои имаат посебни развојни потреби. Во 2011 година, добротворната организација го отворила својот прв Центар за поддршка на семејства во Нижни Новгород,[3] каде на семејствата кои имаатт деца со посебни потреби им се обезбедува бесплатна поддршка од квалификувани наставници, психолози и терапевти.
Љубовен бал
Имало неколку настани за да се соберат средства за Фондацијата - најзначаен е настанот Љубовниот бал. Настанот се одржува еднаш годишно и е главен извор на финансирање за програмите на добротворната организација, кои имаат за цел да обезбедат помош и поддршка на загрозените деца и нивните семејства низ цела Русија.[4]
Љубовен бал 2008 година
Љубовен бал во 2008 година во Москва (12-14 февруари 2008 година) бил организиран како тридневен настан кој кулминирал со Љубовен бал на вечерта на вљубените. На настанот биле собрани 5 милиони долари за програмите на Фондацијата Голо срце.
Љубовен бал 2010 година
Љубовниот бал во 2010 година се одржал во Лондон и бил поддржан од Де Бирс. Вечерта вклучувала хуманитарна аукција спроведена од Кристи на различни парчиња од Де Бирс. Настанот собрал 1,2 милиони фунти за Фондацијата Голо срце, која овозможила изградба на 14 нови игралишта и забавни паркови низ Русија.
Љубовен бал Бела бајка 2011 година
Љубовниот бал во 2011 година бил летен настан што се одржал на теренот на Замокот Видвил на Валентино Гаравани од 17 век, во близина на Париз. Темата на настанот била „Бела бајка“, при што повеќето гости се облекле во бело или сребрено во согласност со темата од бајките.
Љубовниот бал Ривиера се одржал на 27 јули 2013 година во Монако. Настанот се одржал со високо покровителство на Алберт II, принцот од Монако и Шарлен, принцезата од Монако.[6] Настанот се одржал во Салата Гарние на Опера де Монте-Карло која била трансформирана специјално за настанот во трпезарија. Фондацијата „Голо срце“ на настанот собрале 3,2 милиони евра за време на хуманитарната аукција.
Љубовен бал Арабија 2019 година
Љубовниот бал Арабија се одржал под покровителство на Шеиха Ал Мајаса бинт Хамад бин Калифа Ал Тани и Наталија Водијанова во Доха како дел од културната размена Катар-Русија. На настанот на добротворната гала вечера биле собрани 7,4 милиони американски долари и за Фондацијата Голо срце и за Ал Шафала. [7]
Историја и структура
Организацијата има канцеларија во Лондон. Сметките на Фондацијата се достапни под нејзиниот запис на веб-страницата на Комисијата за добротворни цели.