Финалето на Копа дел Реј 1980 година било 76-то финале по ред во Копа дел Реј и се одиграло на 4 јуни 1980. Ова финале било конкретно по тоа што за првпат во историјата тогаш, а подоцна никогаш не се повторило, играле главната и Б екипата. Тоа било финале меѓу мадридските екипи, Реал Мадрид и "младиот брат" Реал Мадрид Кастиља. Реал до финалето стигнал со победи над Логронес и Бетис, а во полуфиналето бил совладан градскиот соперник Атлетико Мадрид. Кастиља во финалето се пласирала со победи над Атлетик Билбао, Реал Сосиедад и во полуфиналето против Спортинг Хихон. Реал Мадрид победил со резултат 6-1, а првиот и последниот гол во натпреварот ги постигнал напаѓачот на Реал, Хуанито. Кога натпреварот завршил, играчите на Кастиља и Реал заедно го подигнале пехарот.
Детаљи од натпреварот
Надворешни врски