Халсман е роден во Рига, во еврејскосемејство. Неговиот татко, Мордух Халсман, бил стоматолог, а неговата мајка Ита Гринтух била учителка во основно училиште. Халсман студирал електро-инженерство во Дрезден. Во септември 1928 година, Филип Халсман бил обвинет за убиство на својот татко за време на едно патување во Тирол, каде во тоа време владеел антисемитизам. На судењето бил осуден на казна затвор во траење од четири години. Семејството, пријателите и адвокатите работеле на неговото ослободување, а добил поддршка и од европската интелектуална елита, како: Фројд, Ајнштајн, Томас Ман, Хенри Херц и Пол Паинлеве.[1] Поради тоа, Халсман ја напуштил Австрија и се преселил во Франција, каде започнал да работи за модните списанија (како „Вог“) и станал еден од најдобрите фотографи-портретисти во Франција. Препознатлив е по острината наспроти дискретниот фокус, кој е често применуван. Кога Франција била окупирана од Германија, Халсман се преселил во Марсеј. Подоцна успеал да добие американска виза со помош на Алберт Ајнштајн, кој му бил семеен пријател.[се бара извор]
Првиот успех во Америка го доживеал со фотографијата на која се појавила моделот Констанс Форд, фотографирана за потребите на рекламната кампања за карминот „victory red“ на козметичката куќа „Елизабет Арден“. Година подоцна, во 1942 година, работел за магазинот „Лајф“, фотографирајќи шапки. Портрет на моделот Лили Даше била првата насловна верзија од серијата фотографии на Халсман за овој магазин.
Во 1941 година, Халсман го запознава предводникот на надреалистичката уметност, Салвадор Дали. На почетокот на оваа декада тие ја започнуваат својата соработка. Во 1948 година заеднички ја истражуваат идејата за суспензија и оттаму потекнува и фотографското дело „Атомикус“ со интересна композиција. На фотографијата се портретирани три мачки во скок низ просторот, кофа со фрлена вода и самиот Дали во скок. Насловот на фотографијата е референца на делото на Дали „Леда Атомика“ кое се наоѓа на фотографијата во десниот агол. За да ја долови вистинската сцена на Халсман му биле потребни 28 обиди пред да биде постигнат задоволителниот резултат. Халсман и Дали подоцна издаваат компендиум од заедничката соработка во книгата „Мустаќите на Дали“ издадена во 1954 година, во која се прикажани карактеристичните мустаќи на уметникот на 36 различни начини. Плод од следната соработка е портретот In Voluptas Mors, надреалистичен приказ на Дали со череп, склопен од седум голи женски тела кои го оформуваат. На Халсман му беа потребни три часа да ги намести моделите според нацртот на Дали. Повеќе преработки на сликата се имаат појавено во текот на годините но можеби нјславната од нив е онаа на постерот на филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.
Во 1947 година Халсман го фотографира Алберт Ајнштајн во морничаво издание. Фотографијата станува една од најпознатите дела на Роберт Халсман, во 1966 година е користена како поштенска маркаа, во 1999 година се наоѓа на насловната страница на Тајм магазинот, кој го нарекува Ајнштајн „Човекот на векот“. За време на фотосесијата Ајнштајн го изразувал своето каење за учеството во создавањето на атомската бомба за Соединетите Држави.
Во 1951 година е повикан од телевизиската куќа Ен-Би-Си да направија серија фотографии на едни од најпопуларните комичари во тоа време како Милтон Берл, Сид Каесар, Гроучо Маркс и Боб Хоп. За време на фотографирањето многумина од комичарите се фатени во скок, ова го инспирирало Халсман да фотографира повеќе јавни личности во слични пози, некои од нив се: фамилијата Форд, Војводата и Војвотката од Виндсор, Мерилин Монро, Марија Феликс и Ричард Никсон.
За ова Халсман во една прилика има изјавено: „Кога ќе замолиш некој да скокне неговото внимание се пренесува на чинот на скокање со што паѓа неговата маска и се гледа вистинската личност“. Овој фотограф создал цела филозофија посветена на фотографиите во скок која ја има наречено џампологија (jumpology). Во 1959 година ја издава книгата „Книга за скокање на Филип Халсман“, која содржи повеќе лежерни дискусии за оваа филозофија и 178 фотографии на славни личности во скок.
Ви книгата „Создавањето на фотографски идеи според Халсман“, издадена во 1961 година, Халсман изнесува свои гледишта за како да се создадат необични фотографии следејќи шест правила:
правилото за директен пристап
правилото за необична техника
правилото на додавање необична одлика
правилото на затскривање необична одлика
правилото на мешање на двете претходни одлики
правилото на буквално прикажан или идеографски метод
Во своето прво правило, Halsman објаснува дека да се биде јасен и концизен создава една силна фотографија.
Да направиш некој обичен и неинтересен предмет да изгледа необично е тема на второто Халсманово правило за фотографирање во кое се вклучени повеќе фотографски техники и тоа: необично светло, необичен агол, необична композиција итн.
Правилото за додавање на необичнa одлика e во вложениот напор фотографот да го насочи вниманието на гледачот на нешто неочекувано со вметнување на необична карактерност или реквизит на фотографијата. На пример фотографијата од младо момче кое држи граната на Диан Арбус е токму она што Халсман сака да го објасни со ова правило.
Четвртото правило на скриената одлика го стимулира гледачот да оди наспроти неговите/нејзините очекувања.
Петтото правило ги комбинира другите правила за да се даде оригиналност на фотографијата.
И за крај буквално прикажаниот или идеографски метод на Халсман ја илустрира пораката на фотографијата со насликување на предметот што е можно појасно.
Други познати личности фотографиран од страна на Halsman се Алфред Hitchcock, Мартин и Луис, Џуди Гарланд, Winston Черчил, Мерилин Монро, Dorothy Dandridge, и Pablo Picasso. Многу од овие фотографии се појавуваат на насловните страници на Лајф магазинот. На овие фотографии Халсман искористува мноштво од своите правила. Како на пр. мааните на лицето на Черчил во една од неговите фотографии ја прават фотографијата многу помоќна а Черчил многу почовечен.
Во 1952 година Џон Ф. Кенеди е двапати фотографиран од Халсман. Фотографија од првата фотосесија се наоѓа на задната корица од оригиналното издание на книгата на Кенеди „Профили на храброста“, а од другата фотосесија една од фотографиите е искористена за сенаторската кампања.
Во 1958 година Халсман се наоѓа на листата како еден од десетте најдобри фотографи во светот, направена од магазинот Популар фотографи а подоцна во 1975 година ја добива наградата за животно достигнување во областа на фотографијата од Американската асоцијација на фотографи на списанија, на којашто во 1945 година беше избран за прв претседател. Тој исто така има многубројни изложби низ светските галерии.
За потребите на филмот „Скок“ Халсман е портретиран од Бен Силверстоун.