Ан е син на Досан Ан Чанг-хо, активист за корејска независност. Долги години Ан се залагал за зачувување на делото на својот татко и за корејско-американската заедница. Тој помогнал при основањето на меморијален дом за неговиот татко во Сеул, Кореја и подоцна договорил татковите мошти да бидат погребани на тоа место.[2]