Филдсов медал (анг.Fields Medal) — награда што се доделува на двајца, тројца или четворица математичари не постари од 40 години на Меѓународниот конгрес на Меѓународниот математички сојуз (IMU) на секои четири години. Наградата го носи името на канадскиот математичар Џон Чарлс Филдс кој го дал својот имот за финансирање на наградата[1]. Филдсовиот медал се смета за највисоката награда што може да ја добие еден математичар.[2][3] Паричната награда изнесува 15.000 канадски долари.[4][5] Првиот медал е доделен во 1936 г. на финскиот математичар Ларс Алфорс и американскиот математичар Џеси Даглас, а од 1950 почнала да се доделува на секои четири години. Целта на наградата е да се оддаде признание и пружи поддршка помладите математички истражувачи кои имаат важни придонеси во математиката.
Услови
Филдсовиот медал се смета за „Нобелова награда за математика" заради нејзиниот престиж,[6] иако во секој друг поглед ова важи за поновата Абелова награда. За разлика од Нобеловата награда, Филсовиот медал се доделува на секои четири години наместо секоја година. Медалот има и старосна граница: кандидатите не смеат да имаат 40 години на 1 јануари од годината на доделување на медалот. Поради ова, многу големи математичари ја немаат добиено наградата, бидејќи најважните трудови ги правеле (или биле признаени предоцна во текот на животот. Оваа старосна граница се должи на Филдсовата желба
... иако е признание за нешто веќе сработено, наменета е да ги поттикне добитниците на понатамошни успеси и да им даде уште повеќе елан на останатите.
Паричната награда е многу пониска од онаа на Нобеловата награда (околу 1,5 милиони американски долари). Филдсовиот медал обично се доделува за една целина од трудови, а не за конкретен резултат. Добитниот се заблагодарува со говор пред публиката.
Друга поважна математичка награда е Абеловата награда, која се доделува за животно дело, а паричната награда е многу поголема. Филдсовиот медал пак, е престижен бидејќи изборот на добитници го прави Меѓународниот математички сојуз, која ја претставува светската математичка заедницаy.