Управа за хидрометеоролошки работи

Лого на УХМР

Управа за хидрометеоролошки работи или скратено УХМР — државен орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. УХМР има задача да го опслужува општеството со прибирање и обезбедување на изворни сопствени, независни и веродостојни информации и услуги за времето, климата, хидрологијата, квалитетот на водите и соодветни геофизички појави, вклучувајќи долготрајни набљудувања на одредени параметри. Со овие активности УХМР го намалува ризикот по животите и имотите од природните катастрофи кое пак допринесува за безбеден, одржлив и економски посилен свет.[1]

Историја

Хидрометеоролошката служба во Македонија, односно метеоролошката активност, е со долга и богата традиција. Почетоците и првите метеоролошки примитивни и инцидентни мерења се случиле во 1891 година, а во 1923 година била организирана првата мрежа на метеоролошки станици. Нејзиното формирање во рамките на Народна Република Македонија, датира од 1947 година. Во 1993 година, Македонија станала рамноправна членка на Светската метеоролошка организација (СМО), која е специјализирана агенција на Обединетите нации.

Во 2011 година Македонија станала придружна членка на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето, како и на Европската мрежа на метеоролошки сервиси.

Статус и надлежности

Управата за хидрометеоролошки работи своите надлежности ги извршува согласно Законот за хидрометеоролошка дејност. Управата, како единствена служба во рамките на своите дејности, врши бројни задачи од различен карактер. Управата е стручно-техничка организација, која за потребите на државните органи, јавните служби, стопанските и научни организации, граѓаните, меѓународните заедници и други корисници, на научна основа врши:

  • метеоролошки и хидролошки мониторинг на параметри и појави;
  • мониторинг на квалитетот на површински води и водни тела;
  • анализа и прогноза на времето и водотеците;
  • најава на метеоролошки и хидролошки непогоди и ексцесни загадувања на животната средина;
  • прием, обработка и архивирање на податоци од својата област;
  • меѓународна размена на податоци и продукти од својата област.

Наводи

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!