Во рамките на дејноста, управата раководи и со Научниот музеј на картографијата и премерот (地図と測量の科学館) во Цукуба.
Земјотресно предвидување
Почнувајќи од 1996 г., управата постојано мери и набљудува сеизмички активности во Геодетската опсерваторија во Мизусава и станицата Есаши. Во нив се мерат флуктуациите во Земјиното магнетно поле што одговараат на сеизмички бранови и пореметувања, со цел да се дојде до што понавремено утврдување на земјотреси .
Управата членува во Координативната комисија за предвидување на земјотреси.[2]