Убијци на цветната месечина (англиски: Killers of the Flower Moon) — американски епски криминалистички драмски филм во режија на Мартин Скорсезе во вестерн-жанр, заснован на популарната научна книга „Убијци на цветната месечина“ од Дејвид Гран за убиствата во округот Осејџ. Главните улоги ги толкуваат Леонардо ди Каприо, Роберт де Ниро и Лили Гледстоун.[4][5]
Развојот започнал во март 2016 г. кога Imperative Entertainment ги добил правата за адаптација на книгата. Скорсезе и Ди Каприо се придружиле на филмот во 2017 г., а производството се очекувало да започне на почетокот на 2018 г. По неколку одложувања и задоцнувања поради пандемијата КОВИД-19, производството на филмот требало да започне во февруари 2021 г., со потврдено финансирање и распределување на Apple TV+ заедно со Paramount Pictures. Филмот бил снимен помеѓу април и октомври 2021 г., во окрузите Осејџ и Вашингтон, Оклахома. Произведен бил од Sikelia Productions на Скорсезе и Appian Way Productions на Ди Каприо, со неговиот буџет од 200 милиони долари, наводно, најголемата сума потрошена некогаш за снимање филм во Оклахома.[6]
Содржина
Членовите на индијанското племе Осејџ во САД се убиени под таинствени околности во 1920-тите, што предизвикува голема истрага на ФИБ во која е вклучен Џ. Едгар Хувер.