Турбе на Бикиј Хан — османлиска гробница (турбе) во Чаир, Скопје.[1] Прогласено е за културно наследство на Македонија како дел од комплексот на Султан-муратовата џамија во кој се наоѓа.
Изградено е во 964 година од хиџрата (= 1556 - 1557 од Христа) според натписот на влезот. Ова е градба од типот на затворени турбиња со квадратна основа и купола со тромпи. Изградено е од наизменични редови камен и тула, што ја збогатува фасадата. На аглите на тромпите има скулптурни украси од правоаголници. Внатрешноста била украсена со растителни орнаменти, од кои се останати само фрагменти.
Во турбето има пет гроба без натписи. Ова е најголемото зачувано турбе во земјата и околу него и соседното Турбе на Али-паша од Дагестан има гробишта со мноштво стари надгробни плочи.[1]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски