Тоде Бошков Јовановски ( 1922 во Раштак ― 8 ноември 1944 во Штип) ― македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Роден е во сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Бил регрутиран во Бугарската армија.
Непосредно по 9 септември, т.е. по капитулацијата на фашистичка Бугарија, стапил во антифашистичката бугарска армија. Оттаму се вратил на 10 октомври 1944 година во Македонија, за да земе учество во борбите против Германците. Загинал на 8 ноември 1944 година во борбите за ослободување на Штип. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во родното село Раштак.[1]
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 72.