Тими Макс Елшник (роден на 29 април 1998 година, во Птуј) — словенечки фудбалер, играч од средниот ред на Олимпија Љубљана и на словенечката репрезентација.
Клупска кариера
Израснат во младинскиот сектор на Алуминиј, на рана возраст, во 2015 година тој бил купен од англискиот клуб Дарби Каунти, за кој првично играл за младинските екипи под 18 и под 21 година. На крајот од сезоната 2015-2016, тој бил прогласен за "стипендист на годината" во клубот.[1] Набргу по потпишувањето на нов тригодишен договор со клубот во август 2016 година,[2] тој го направил своето деби за првиот тим, влегувајќи како замена против Карлајл Јунајтед во Лига купот, реализирајќи два пати од белата точка во изведувањето на пеналите по кое Дарби бил поуспешен.[3]
Од август 2017 години, Елшник започнува да оди на позајмици: првата му била во Свиндон Таун, во четвтрото ниво на англискиот фудбал, каде го постигнал и својот прв гол во професионалната кариера во ремито 2-2 на домашен терен против Честерфилд на 11 ноември 2017. Потоа, за следната сезона 2018-2019, тој бил позајмен на друг клуб од истата дивизија, Мансфилд Таун, но откако во јануари 2019 неговата позајмица била прекината, истиот месец тој бил позајмен на Нортхемптон Таун каде ја завршил сезоната со вкупно 28 настапи и 4 гола во Лига Два.
Во јули 2019 година, откако неговиот договор со Дарби Каунти истекол, Елшник станал слободен играч. Во јануари 2020 година, се вратил во татковината каде потпишал за Олимпија Љубљана. Со Олимпија го освоил словенечкото првенство во сезоната 2022-2023 и двапати Купот на Словенија (2020-2021 и 2022-2023).
Репрезентативна кариера
Елшник ја претставувал Словенија во младинските селекции под 17 години, под 18 години, под 19 и под 21 година.[4] Со последната, тој учествувал на Европското првенство 2021, на која неговата земја била домаќин, забележувајќи еден настап на 24 март во натпреварот од групната фаза против Шпанија.
На 28 септември 2021 година, тој бил повикан за прв пат во сениорската репрезентација од словенечкиот селектор Матјаж Кек.[5] Дебитирал на 8 октомври, заменувајќи го Јасмин Куртиќ во натпреварот добиен со 0-4 против Малта.[6] На 26 март 2024 година, тој го постигнал својот прв гол за словенечката селекција во победата со 2-0 во пријателскиот натпревар против Португалија.[7]
Во јуни 2024, Елшник бил вклучен од селекторот Кек во списокот од 26 игачи кои ја претставувале земјата на Европското првенство 2024.[8] Своето деби на турнирот во Германија го имал во првиот натпревар од групата против Данска (1-1). Во следниот натпревар против Србија, кој завршил со идентичен резултат 1-1, Елшник му асистирал на Жан Карничник за голот за водство на Словенија.[9]
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика
Статистиката е ажурирана на 24 март 2021.
Клупска статистика
Титули
Клупски
Олимпија Љубљана
- 2022-2023
- 2020-2021, 2022-2023
Наводи
Надворешни врски