Технички факултет - Битола – еден од факултетите при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во Битола.
Историја
Почетоците на факултетот датираат од 1961 година кога била формирана Вишата техничка школа со два отсеци во нејзиниот состав: машински и електротехнички. Во 1972 година почнал со работа и трет отсек, отсекот за сообраќај и транспорт, кој е единствен од таков вид во Република Македонија. Во 1977 година Вишата техничка школа прераснала во Технички факултет.[1]
Наставен кадар
Денес наставниот кадар на Техничкиот факултет го сочинуваат, 21 редовен професор, 14 вонредни, 9 доценти и 14 асистенти и 2 помлади асистенти и голем број на ангажирани професори и соработници од земјата и странство.
Просторни можности
Техничкиот факултет располага со 30 училници за користење на видео презентации, еден амфитеатар и свечена сала, библиотека. Факултетот располага и со следните лаборатории: за термотехника; за физика; за испитување на машински материјали и конструкции; за мотори со внатрешно согорување и моторни возила; за електротехника; за електрични машини; сметачки центар со 6 училници, како и училница со современа мултимедијална и интернет опрема.
Наводи