Тес Асплунд (шведски: Tess Asplund; р. 1974 година) — шведскаактивистка, која се здобила со внимание по протестот против нео-нацистите во Борленге, Шведска.[1] Дејвид Лагерлеф е фотографот на виралната слика на Асплунд, на која се гледа како таа се соочува со униформирани членови на шведското нордиско движење на отпорот со тупаница во воздух.[2] Таа е по потекло од Колумбија[3] и се опишува себеси како Афро-Швеѓанка.[1] За инцидентот, Асплунд рекла: „Ако оваа слика од мене може да натера повеќе луѓе да се осмелат да покажат отпор, тогаш се е добро... народот мора да се обедини и да покаже дека не е во ред што расизмот се нормализира и дека фашистите трчаат наоколу по нашите улици“.[2]
Асплунд, исто така, била цитирана во Афтонбладет како сожртва на брутален напад со јарболи од знамиња, извршен од тројца мажи со полско потекло, по демонстрациите на популистичката десница во центарот на Стокхолм, од кои се чини дека Полјаците биле дел.[5]
Во 2016 година, Асплунд била вклучена на листата на 100 жени на БиБиСи, заедно со Алиша Кис, Елина Вамукоја и Надија Хусеин.[3] Темата на овогодинешната листа била пркос.