Терминален систем за кабелски модем

Систем за завршување на кабелски модем

Терминален систем за кабелски модем (англиски: cable modem termination system или CMTS) е опрема која се наоѓа кај кабелскиот оператор и служи за обезбедување на пренос на податоци со високи брзини низ постоечката Хибридна оптичко - кабелска мрежа на операторот, односно за кабелски интернет, VоIP и други протоколи на корисниците на кабелската мрежа.

Со цел да се обезбедат овие сервиси, кабелскиот оператор кај себе обезбедува Интернет врска со голем капацитет до некој обезбедувач на мрежни услуги, а на страната на корисникот кабелски модем. ТСКМ во зависност од капацитетот може да обезбеди услуга за 4,000 до 150,000 корисници.

ТСКМ може да се замисли како насочувач со Етернет интерфејс на едната страна и коаксијален RF посредник на другата страна. RF приклучокот ги пренесува RF сигналите од/до кабелскиот модем на корисникот.

Значи сообраќајот кој доаѓа од Интернет може да биде насочен (или премостен) преку Етернет посредникот на ТСКМ до RF посредникот кој е поврзан со хибридната оптичко кабелска мрежа на кабелскиот оператор.

ТСКМ пренесува само IP сообраќај, додека сообраќајот до кабелскиот модем од Интернет, познат како downstream сообраќај, се пренесува пеку енкапсулација на IP пакетите во MPEG пакети. MPEG пакетите се пренесуваат со користење на Квадратурна Амплитудна Модулација.

Upstream сообраќајот (од КМ до ТСКМ/Internet) се пренесува преку Ethernet рамки модулирани со QPSK, 16-QAM, 32-QAM, 64-QAM, или S-CDMA. Ова се прави во понискиот дел од честотниот опсег. Во повисокиот дел од честотниот опсег се пренесува downstream сигналот.

ТСКМ му дозволува на компјутерот на претплатникот да добие динамичка IP-адреса.

ТСКМ може да има имплементирано некои основни фунцкии за филтрирање со цел заштита од неавторизирано користење на мрежата или заштита од најразлични напади на мрежата. ТСКМ исто така може да игра улога на bridge или насочувач.

Кабелскиот модем на страната на корисникот не може директно да комуницира со другите модеми во мрежата. Значи, сообраќајот од кабелскиот модем до другите кабелски модеми или до Интернет се одвива преку серија на ТСКМ или традиционални насочувачи.

ТСКМ во суштина ги обезбедува повеќето од функциите кои може да се добијат преку DSLAM во еден DSL систем.

Поврзано

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!