Тера Ронка (државен парк)

Тера Ронка (на португалски: Terra Ronca) — е државен парк на заштитено природно подрачје во општината Сао Домингос во бразилската сојузна држава Гојас. Околу државниот парк e прогласено и подрачјето за заштита на животната средина Сера Жерал. Областите на овие две заштитени подрачја кои зафаќаат со површина од 57.018 ha и 40.000 хектари, се со ограничена употреба и редовно се набљудуваат и ревидираат од страна на Агенцијата за животна средина и природни ресурси на Гоијас. На ова подрачје се наоѓа една од најубавите и значајни геоморфолошки комплекси и појави на Бразил.

Во управувањето на паркот, како главен фокус е заштитата на целиот природен комплекс на регионот составен од бројни пештери со богат систем на спелеотеми, извори и реки на чисти води кои течат внатре и надвор од пештерите, како и разновидната флора и фауна во регионот, нудејќи спектаклуарни глетки и претстави за огромноста на безброј видови, вклучувајќи и некои ендемски. Областа на паркот спаѓа во доменот на морфологијата на бразилското Централно плато (висорамнина), северозападно од државата Гојас, на границата со државата Баија.

Галерија

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!