Телескоп Канада-Франција-Хаваи

Телескоп Канада-Франција-Хаваи
Телескопот КФХ на зајдисонце
Алтернативни имињаCFHT,Canada–France–Hawaii Telescope Уредете го ова на Википодатоците
Дел одMauna Kea Observatories Уреди на Википодатоците
ЛокацијаHawaii County, Хаваи, САД
Координати19.825347
ОрганизацијаUniversity of Hawaiʻi at Mānoa
Национален научноистражувачки совет на Канада
Национален центар за научно истражување Уреди на Википодатоците
Код на опсерваторијата T14 Уреди на Википодатоците
Надморска височина4 204 m
Изграден1977 година
Прва светлина1979 година
Видпримарно жариште/Касегрен
Пречник3,58 m
Мрежно местоhttp://www.cfht.hawaii.edu/
 
Телескопот КФХ на изгрејсонце
Телескопот во август 2002

Телескоп Канада-Франција-Хаваителескоп сместен во близина на врвот на планината Мауна Кеја на хавајскиот Голем Остров на надморска висина од 4 204 м и е една од опсерваториите што ги опфаќа опсерваторијата Мауна Кеја. Во работа е од 1979 година,[1], а неговата конфигурација е примарно жариште/Касегрен со корисен пречник од 3,58 м.

Корпорацијата е формирана со трипартитен договор меѓу Универзитетот од Хаваи, Националниот истражувачки совет на Канада и Националниот центар за научни истражувања на Франција. Телескопот КФХ исто така има партнерство со Националната астрономска опсерваторија на Кина, Институтот за астрономија и астрофизика на Тајван, Националната лабораторија за астрофизика на Бразил и Корејскиот институт за астрономски и вселенски науки на Кореја. Моментално, времето за посматрање на телескопот КФХ им се нуди на научниците од сите седум земји-партнери. Астрономите од Европската унија можат да поднесат предлози преку пристапната програма на Оптичкиот инфрацрвена координативна мрежа за астрономија (OPTICON, Optical Infrared Coordination Network for Astronomy).

Телескопот КФХ моментално работи со четири инструменти:

  • МегаКам,[2] со видно поле од 1 квадратен степен и аголна резолуција од 0,18 ".
  • ВирКам,[3] со видно поле од 0,1 квадратен степен во инфрацрвеното поле и аголна резолуција од 0,3 ".
  • ЕСПаДОнС, ,[4] спектрополариметар.
  • СИТЕЛ, спектрограф со Фурјеова трансформација ]][5]

Телескопот КФХ, во соработка со Coelum Astronomia одржува јавно мрежно место нареченo „Хавајска ѕвездена светлина“[6] кој нуди екстремно висококвалитетни верзии на слики во разни формати.

Наводи

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!