Куќата на приказната во Тајпеј (кинески: 台北故事館), порано познат како замокот Јуаншан (кинески:圓山別莊), е историска куќа во округот Жонгшан, Тајпеј, Тајван. Моментално е отворено како музеј во Експо паркот Тајпеј.
Преглед
Куќата била изградена во 1913-1914 година за време на јапонското владеење од Тан Тиау-Чун (кинески:陳朝駿), трговец со чај од областа Даитотеи.[1][2] Првично била гостинска куќа за локални достоинственици и гости од странство.[3]
Приземјето е изградено од тула, а горните катови од дрво со греди во англиски стил на Тудор.[1] Скалите биле конструирани да изгледаат како пагода. На фронтонот над влезот има витраж во зелена, жолта и црвена боја. Внатре има два камини, со голем број на арт нову плочки и тавански светилки со барелефни цветни дезени.[3]
Музејот сега има експонати поврзани со чајот и локалната историја. Се наоѓа во непосредна близина на музејот за ликовни уметности во Тајпеј и блиску до метро станицата Јуаншан.[4]
Транспорт
Зградата е во непосредна близина пеш на северо-источно страна од станицата Јуаншан на метрото во Тајпеј.[5]
Цени
Цената за посета на музејот е 50НТ$ (нови тајвански долари) по особа. Влезот е бесплатен за лица под 6 или над 65 години.[5]
Работно време
Музејот е отворен од 10:30 до 18:30 часот, од вторник до сабота.[3]