Тамара Гордова Арсовска (родена на 9 април 1933 година во Крагуевац, Србија - починала на 27 јуни 2019 во Скопје) —— публицист, антологичар, преведувач и препејувач, автор на критика, есеистички и образовно-педагошки прилози во периодиката, на документарни ТВ-сценарија, на радио и ТВ-драматизации за играни програми.[1]
Животопис
Родена е во Крагуевац, на 9 април 1933 година. Основно и гимназиско образование ги добива во: Мостар, Ниш, Кичево, Штип, Куманово. Татко ѝ бил шумарски инженер, Русин, па поради потребите на службата имале повеќе преселби. Завршила Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Била професор по македонски јазик и литература (1955-1961 г.), потоа новинар-уредник на Образовната програма на Македонското радио до пензионирањето во 1991 година. Почесен член на ДПМ. Сопруга на писателот Томе Арсовски.
Авторство
Автор е на книгите: „Блиски средби“ (книжевно-публицистички портрети, 1992), „Запаметено време“(книжевно-публицистички портрети, 1992), „Отаде минливоста“(книжевно-публицистички портрети, 1994), „Волшебници на зборот“(книжевно-публицистички портрети, 1995), „Како до успешни деловни разговори“(1995), „Чекор во третиот милениум“(говорна комуникација,1999). Автор е на неколку радио-драми и ТВ-сценарија, како и на „Книга за тинејџери“(2004 г.), потоа „Влезница за иднината“ (интервјуа, 2008), „Најубавите писма на великаните“(2009).
Составувач е на антологиите и изборите: „Илинденски раскази“ (антологија, 1978), М.Гончин: „Најмлади партизани“(избот и превод, 1981), Агнија Барто: „Прва љубов“ (избор и превод на поезија и филмски сценарија, 1982). „Поезија на Револуцијата“ (соавторство со А.Бојаровски, зборник на југословенската поезија, три изданија 1985, 1987, 1989), Г.Витез: „Песни“ (избор и препеви, 1988), „Кучето и човекот“ (избор и превод на амхарски сказни, 1994), „Среќата за Зумхурд шахот“ (избор и превод на ирански сказни, 1994),„Волшебниот мртовец“(избор и превод на монголски сказни, 1994), Н.Хајтов: „Диви раскази“9избор и превод, 2000), „Илинденски раскази“ (антологија на севкупното расказно творештво за Илинден, 2001.
Преведувачки опус
Нејзиниот преведувачки опус опфаќа четириесеттина дела, меѓу кои од: Солжелцин, А.Толстој,М.Цветаева, Н.Берѓаев, Д.Албахари, Н.Хајтов, Г.Витез, Д.Максимовиќ, агнија Барто, Пол Кристофер, Нелсон де Мил, Лујза Хеј, Жан де ла Бријиер и др.
Објави
Објавува во повеќе списанија своја поезија, препеви, стручни и публицистички прилози: „Млада литература“, „Разгледи“, „Современост“, „Стремеж“, „Просветно дело“, „Литературен збор“, „Беседа“, „Македонија“(На Матицата на иселениците од Македонија“, неделникот „пулс“, „Развигор“, „Наш свет“, „Стожер“, „Театарски гласник“, „Корени“, „Жена“, „Комплетна“ и др.
Награди
Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: „Климент Охридски“(1994), „Златно перо“ на Друштвото на преведувачите на Македонија, Награда од Културно-просветната заедница на Македонија(двапати), Награда од Авторска агенција на Македонија, Награда од Сојузот на просветните работници- литературни творци (за живот и дело) и др.
Наводи
- ↑ „Писателите за себе“-Тамара Арсовска, Панили, март 2010, Скопје