Суртур (месечина) /ˈsɜrtər/ или Сатурн XLVIII (привремена ознака S/2006 S 7) е природен сателит од Сатурн. Неговото откритие било објавено од Скот С. Шепард, Дејвид К. Џуит, Јан Клејна и Брајан Г. Марсден на 26 јуни 2006 година од набљудувања направени помеѓу јануари и април 2006 година[1].
Суртур е со пречник од околу 6 километри и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 22.243,6 Mm за 1238.575 дена. Суртската орбита е повратна, на наклонетост од 166,9° во однос на еклиптиката (148,9° до екваторот на Сатурн) и со занесеност од 0,3680 .
Наводи