Стојан Ванчов Бунгуроски ( 1923 во Кичево — 1944 во Сарандиново, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
По занимање бил шивач. Уште за време на окупацијата се определил за борба против окупаторот. Посебно била забележлива неговата активност околу организирањето млади луѓе за борба против окупаторот. Во почетокот на 1943 година, сакајќи да се поврзе со единиците на НОВ на Македонија, заедно со својот другар Методија Стефаноски, се упатиле кон Дебарца и преку селото Мраморец упаднале на територијата окупирана од фашистичка Бугарија. По неколку денови, стигнале во Битола каде се поврзале со тамошната партиска организација. За време на зимата 1944 година работеле во Битола, но во пролетта биле откриени од бугарските фашисти. Биле фатени, малтретирани и осудени на смрт. На пат за Македонски Брод, кај селото Сарандиново, поради тепањето од страна на Бугарите, Стојан починал.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 47.