Денешниот Стар град во Ерусалим е 3-4 пати помал од древниот Ерусалим од периодот на Ирод Велики. Кон 66 година, кон почетокот на востанието против Рим, градот го достигнал својот најголем расцвет. Неговото население било околу 100.000 луѓе и бил четвртиот град по големина во светот по Александрија, Антиохија и Рим. Ерусалим бил заобиколен од големи ѕидови. Неговите кули достигнувале и до 40 метри. Центарот и главен објект бил Храмовата Гора. Но, територијата на денешниот современ Стар град се оцртува од ѕидините кои биле изградени во 1536 година од страна на турскиот султан Сулејман Величествениот.
Населението на градот е околу 25.000 жители.
Населби во Стариот град
Традиционално за Стариот град е тоа што тој е поделен на муслиманска населба, христијанска, еврејска и ерменска населба.
Во евреиската населба се наоѓа Ерусалимски храм (Har ha-Bayit) обградена со Ѕидот на плачот. Во Израел уште ја нарекуваат Западниот ѕид бидејќи тоа е единствениот дел кој останал од Вториот храм. Според евреите, тоа е местото од каде започнало создавањето на светот.
^ Kollek, Teddy (1977). "Afterword", in John Phillips: A Will to Survive - Israel: the Faces of the Terror 1948-the Faces of Hope Today. Dial Press/James Wade. “about 225 acres”
^ Ben-Arieh, Yehoshua (1984). Jerusalem in the 19th Century, The Old City. Yad Izhak Ben Zvi & St. Martin's Press, 14. ISBN 0-312-44187-8.
^ Advisory Body Evaluation (PDF file)
^ Report of the 1st Extraordinary Session of the World Heritage Committee
^ Justification for inscription on the List of World Heritage in Danger, 1982: Report of the 6th Session of the World Heritage Committee
^ Zaun-Goshen, Heike. Keys to the Treasure Trove - Jerusalem's Old City Gates. Jerusalem Post. Посетено на 2007-07-10.