Со распадот на СФРЈ во 1990, дијалектите на српскохрватскиот јазик формирале нови, со многу мали разлики, јазици како што се: српски јазик, хрватски јазик, босански јазик и црногорскиот јазик за кој има денес движење за негова стандардизација. Старото име на јазикот сѐ помалку се користел, заменет со новоформираните термини „српски“, „хрватски“, „босански“ и „црногосрки“.
Денес, терминот српскохрватски е контроверзен поради политичките и лингистички причини што ги зафатиле новоформираните норми, особе но контраверзен во Хрватска. Но сепак, термионот се користи како универзален термин што ќе ги опфати „јазиците ќерки“ произлезени од стандардниот српскохрватски јазик.
Како алтернатива, се користи терминот српски/хрватски/босански или кратенка СХБ но исто така се користи и терминот Централен Јужнословенски дијалектен систем, термин што ги опфаќа сите дијалекти од Словенија па сѐ до Македонија.
Особини на јазикот
Српскохрватскиот јазик е словенски јазик што значи дека води потекло од прасловенскиот јазик. Како и за повеќето словенски јазици, така и за српскохрватскиот, најраната книжевна активност е врзана за старословенскиот јазик.
За современиот српскохрватски јазик се битни следниве особини:
развој на старословенските согласнички групи шт (< прасл. *tj) и жд (< прасл. *dj) со ћ и ђ соодветно
На пример: *vortjati (прасл.) > *враштати (стсл.) > враћати (= се враќа)
*medja (прасл.) > *межда (стсл.) > међа (= меѓа);
деназализација на носните вокали, т.е. развој: ѧ > e и ѫ > у (или фонетски: ę > e и ǫ > u);
На пример: *пѧть (стсл.) > пет (= пет)
пѫть (стсл.) > пут (= пат);
повеќе рефлекси на јатот (ѣ) во зависност од дијалектот:
ѣ > e во екавските дијалекти
ѣ > и во икавските дијалекти
ѣ > (и)је во јекавските дијалекти;
На пример:
цвѣтъ > цвет, цвит или цвијет (=цвет)
бѣжати > бежати, бижати или бјежати (=бега);
затврднување на мекото слоготворно л, односно негово изедначување со тврдото и развој во у:
ль > лъ > у
На пример: тлъшти > тући (=толчи):
изедначување на мекото и тврдото слоготворно р и негов развој во нови позиции. Спореди:
Сараево е главен град на Босна и Херцеговина. Српскохрватскиот јазик бил еден од службените јазици на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Sarajevo je glavni grad Bosne i Hercegovine. Srpskohrvatski jezik je bio jedan od službenih jezika Socijalističke Federativne Republike Jugoslavije.
Sarajevo je glavni grad Bosne i Hercegovine. Srpskohrvatski jezik je bio jedan od službenih jezika Socijalističke Federativne Republike Jugoslavije.
Сарајево је главни град Босне и Херцеговине. Српскохрватски језик је био један од службених језика Социјалистичке Федеративне Републике Југославије.
Напомена: иако поделбата според рефлексите на јатот може да се примени на целиот српскохрватски дијасистем, најчесто таа се применува само на штокавското наречје.
Штокавски' се говори на целата останата територија на дијасистемот, во целост вклучувајќи ги териториите; што во Хрватска и Босна и Херцеговина, шта во Србија и Црна Гора.
Напомена: од географската распределба е јасно дека чакавскиот и кајкавскиот јазик имаат говорители исклучиво од хрватска националност.
Како основа на книжевниот српскохрватски јазик првично е избран јекавскиот новоштокавски дијалект (согласно Виенскиот Книжевен Договор од 1850). Ова е јазикот на кој Вук Стефановиќ Караџиќ ја превел Библијата и на кој воопшто творел. Подоцна јазикот се „локализира“: српските книжевници прибегнуваат кон екавскиот новоштокавски дијалект (Шумадиско-Војводински), додека хрватските на широка врата внесуваат кајкавска и чакавска лексика.
Извори
Мала Енциклопедија Просвета, ИП „Просвета“, Београд, 1959;