Споменик на Лазар Колишевски (Свети Николе)

Споменик на Лазар Колишевски (Свети Николе)
Споменикот во 2022 година
МестоСвети Николе
ТипОбелиск
Завршен2002
Посветен наЛазар Колишевски

Споменик на Лазар Колишевскиспоменик во вид на обелиск во Свети Николе во чест на македонскиот комунист Лазар Колишевски кој е родум од Светиниколското село Мездра.

Местоположба

Споменикот се наоѓа во непосредна близина на Плоштадот Илинден кој се наоѓа западно од споменикот.

Историја

За време на изградбата, поради што споменикот бил во чест на Лазар Колишевски, некои жители од населбите Бел Камен и Свети Николе 1 се побуниле.[1][2]

Композиција

Делото е составено од два столба налик на обелисци, различни во висина. На понискиот источен столб стои релјефна плоча со ликот на Лазар Колишевски. Повисокиот западен столб има плоча на која пишува:

Во спомен на сограѓанинот првоборец и прв претседател на Народната влада на Македонија(,) 15 април 1945


Галерија


Наводи

  1. „Две месни заедници против споменикот на Колишевски“. Дневник. 24 јуни 2002. Архивирано од изворникот 14 октомври 2022. Посетено на 14 октомври 2022.
  2. Емил Зафировски (29 јуни 2002). „Споменикот на Колишевски ги раскара светиниколчани“. Дневник. Архивирано од изворникот 14 октомври 2022. Посетено на 14 октомври 2022.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!