Австралија има осум главни градови, кои функционираат на поддржавно ниво. Канбера е главен град, но само на целата држава. Мелбурн бил главен град на државата од обединувањето на Австралија во 1901, па сè до 1927, кога владата се преселила во новосоздадениот град Канбера.
Во секој главен град административните органи вршат засебни правосудни, управни и законодавни должности за својата сојузна држава. Овие градови се воедно и најнаселените во своето подрачје. Надворешната територија Остров Норфолк исто така има главен град - Кингстон, но ова е само административен центар; де факто главен град е Бернт Пајн.[1]
Поврзано
Белешки