Спиро Ристовски

Спиро Ристовски
Министер за образование и наука
На должноста
29 мај 2013 – 19 јуни 2014
Премиер Никола Груевски
Претходник Панче Кралев
Наследник Абдилаќим Адеми
Министер за труд и социјална политика
На должноста
28 јули 2011 – 28 мај 2013
Премиер Никола Груевски
Претходник Џељаљ Бајрами
Наследник Диме Спасов
Лични податоци
Роден(а) 6 јули 1981(1981-07-06)(43 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Установа Правен факултет
Професија правник
Вероисповед православен христијанин

Спиро Ристовски (6 јули 1981 во Скопје) — македонски политичар и правник, министер за образование и наука во периодот 2013–2014 и министер за труд и социјална политика во периодот 2011–2013.

Животопис

Спиро Ристовски е роден е на 6 јули 1981 година во Скопје. По професија е дипломиран правник, а високо образование стекнал на факултетот за правни студии „Јустинијан Први“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Ристовски работел како правник во приватниот сектор, а во 2007 и 2008 бил заменик-директор на агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Ристовски бил министер за образование и наука во периодот 2013–2014 и министер за труд и социјална политика во периодот 2011–2013.[1] На 10 јули 2014 година бил назначен за заменик министер за образование и наука[2], и оваа функција ја извршувал до 31 мај 2017 година.

На 20 февруари 2019 година бил уапсен под обвинение дека бил еден од организаторите за Упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година[3].

На 16 јануари 2024 година, Европскиот суд за човекови права донесе пресуда со која што констатира дека Ристовски неосновано бил држен во притвор повеќе од 20 месеци, при што била пресудена и штета која што државата требала да му ја исплати на Ристовски.[4].

Наводи

  1. „Панче Кралев заминува, на негово место Спиро Ристовски“. Сител. 28 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-08. Посетено на 30 мај 2013.
  2. „www.mon.gov.mk“. Архивирано од изворникот на 2017-06-01. Посетено на 2017-06-01.
  3. „Притвор за Јанакиески и Ристовски“. Телма. 20 февруари 2019. Посетено на 20 февруари 2019.
  4. „Пресуда на Европскиот суд за човекови права“. The European Court of Human Rights. 16 јануари 2024. Посетено на 16 јануари 2024.

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Џељаљ Бајрами
Министер за труд и социјална политика
28 јули 2011 - 28 мај 2013
Наследник
Диме Спасов
Претходник
Панче Кралев
Министер за образование и наука
29 мај 2013 - 19 јуни 2014
Наследник
Абдилаќим Адеми

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!