Од 7 до 13 септември во Солун се спроведува основачкиот конгрес на Соjузот на бугарските конституциони (уставни) клубови. На него присуствуваат 72 претставника на македонската бугарска буржоазија и само двајца земjоделци, еден занаетчија и еден работник. Се прифаќаат програмата и уставот на организацијата во коишто јасно се изнесени неjзините цели:
„
Бугарскиот конституционен клуб има за цел: а) да спроведува граѓанско и политичко воспитување на бугарскиот народ во духот на конституционите (уставните) слободи – локално самоуправување во Македонија и Одринско; б) да ја чува и развива бугарската народна култура.
Десетти јули [„huruet“], тоа е епилог на Илинден; Илинден, тоа е наj-торжествениот акт на величествената македонска револуционерна драма. Без Илинден не би имало 10 јули. Последната дата е општоосманска. Илинден е наш, на Бугарите.“
“
СБКК во своите програмски документи главно се залага за колективните права на одделните не-турски народности во империјата, аграрни и социјални реформи со цел за подобрување на положбата на христијанското население. Силно се акцентира автономијата на Македонија и Одринско, како и важната обединувачка улога на Бугарската егзархија како православна црква на сите тамошни Бугари. Организацијата се спротивставува на масовното колонизирање на македонските земjи со муслимански населеници.
Весникот „Работническа искра“, чиј уредник е Васил Главинов во бр.4 (Битола, 5.11.1909), во уводната статија „Партиите и работниците“ дава своја одлика на Сојузот на бугарските конституционии клубови:
„
... Бугарската македоно-одринска конституциона партија ги претставува интересите на трговците и индустријалците, на фабрикантите и заможните еснафи, кои утре ќе се преобразат во индустријалци и големи трговци, на предприемачите, селските заможни стопани и лихвари - со еден збор, на класата која се нарекува граѓанска или буржоаска класа. Како партија на таа класа, која е националистичка, која сака да се соедини со своите браќа во Бугарија, Бугарската македоно-одринска конституциона партија е исто така националистичка и со сите свои стремежи и идеали на бугарската буржоазија во Македонија и Одринско"...