Сообраќајните знаци се исти насекаде во светот и важат за сите учесници во сообраќајот. Сообраќајните знаци забрануваат движење, објаснуваат какви опасности има на патот и известуваат за тоа што и каде се наоѓа. Триаголните сообраќајни знаци означуваат опасност, кружните означуваат забрана, а четириаголните означуваат известување
Покрај овие знаци, постојат и светлосни знаци, како што се семафорите. Постојат два вида на семафори: семафор за пешаци и семафор за автомобилите. Тие се составени од три светла: црвено, жолто и зелено. Овие бои означуваат:
Црвено: се наоѓа најгоре на секој семафор. Тоа значи запирање на автомобилите и чекање додека не дојде другото светло на ред;
Жолто: се наоѓа помеѓу црвеното и зеленото светло. Тоа означува припрема;
Зелено: се наоѓа најдолу на семафорот и значи поаѓање.