Солунско метро (грчки: Μετρό Θεσσαλονίκης) — брз транзит во вториот по големина град во Грција, градот Солун. Проценките за цената на мегапроектот се 3 милијарди евра за главната линија и 640 милиони евра за продолжувањето на Каламарија, или вкупно 3,64 милијарди евра. Проектот првенствено е финансиран со заеми од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европскиот фонд за регионален развој (ЕРДФ) и средства од Грчката влада. Изградбата од грчко-италијански конзорциум ја надгледува Атико Метро, грчката државна компанија која ја надгледува изградбата и на Атинското метро.
Проектот првернствено бил предложен во текот на 1910-тите и посериозно бил планиран во 1980-тите. Изградбата на главната линија започнала во 2006 година и продолжението кон Каламарија во 2013 година. Системот во изградба има 5 станици и е долг 4,78 км, а завршениот има 13 станици и е долг 9,6 км.
По повеќегодишни одложувања, главно заради археолошките откритија во центарот на градот за време на изградбата и делумно поради грчката финансиска криза, повеќето од главната линија е предвидено да се отвори во април 2023 година. Системот ќе биде целосно без возач и далечински управуван.
Наводи
↑ 1,01,1Attiko Metro S.A. „Extensions“. www.ametro.gr. Архивирано од изворникот на 10 August 2018. Посетено на 10 August 2018. To this end, ATTIKO METRO S.A. is designing and suggesting a solution combining both individual extensions into a circular line of a unified form.